Џејмс Харден сака да се пензионира како кошаркар на Лос Анџелес Клиперс. Како што изјави инсајдерот Крис Хејнс, ѕвездата на Клиперс, очекува да потпише долгорочен договор со Калифорнијците и да игра за тимот, додека не му заврши кариерата во НБА.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 17.01.2024 12:41
-
Кошарка 15.01.2024 10:52
Денвер славеше против Индијана
Денвер стигна до уште една победа во НБА лигата откако со 117:109 синоќа ја совлада Индијана. Никола Јокиќ го заврши дуелот со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно успешно додавање за нов трипл-дабл. Мареј и Портер од редовите на Денвер имаа по 25 поени.
-
Кошарка 10.01.2024 12:12
Крис Пол успешно е опериран
Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол, успешно е опериран поради фрактура на левата рака, објави клупската прес-служба.
Играчот се повреди во третата четвртина од натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Детроит.
-
Кошарка 02.01.2024 14:16
Ирвинг се врати во составот на Далас откако пропушти 12 натпревари поради повреда
Кајри Ирвинг се врати во составот на Далас маверикс по санирањето на повредата.
Една од ѕвездите на Далас постигна 14 поени, но тоа не му помогна на тимот од Тексас да избегне пораз на средбата со Јута (90:127).
-
Кошарка 25.12.2023 17:38
Ембид го пропушта божиќниот натпревар против Мајами
Поради повреда на зглобот на десната нога, ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе го пропушти божиќниот дуел против Мајами кој е еден од петте натпревари на програмата оваа вечер во НБА лигата.
-
Кошарка 21.12.2023 10:57
Нагетси славеа против Репторси
Нагетси славеа на гостувањето против Репторси со конечен резултат 113:104. Јокиќ на овој меч го запиша својот 400 „дабл-дабл“ учинок во кариерата.
Во Западната конференција Денвер е на третото место со учинок (19-10), додека Торонто е на 12 позиција на Истокот (11-16).
-
Кошарка 10.12.2023 09:27
ЛА Лејкерси го освоија првиот НБА куп
Лејкерси се освојувачи на првиот НБА куп, откако во финалето славеа против Индијана со 123:109 во Лас Вегас.
-
Кошарка 05.12.2023 10:42
Јокиќ и Тејтум играчи на месецот во НБА
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ и бекот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум, се прогласени за најдобри кошаркари во октомври/ноември во нивните конференции.
-
Кошарка 28.11.2023 18:48
Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го доживеа највисокиот пораз во кариерата. Клубот од Лос Анџелес ноќеска на гостувањето кај Филаделфија загуби со 138:94 во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во НБА.
-
Кошарка 27.11.2023 18:33
Јокиќ го повтори личниот сезонски рекорд по постигнати поени
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл синоќа на мечот со Сан Антонио (120:132). Србинот средбата ја заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции со пет загубени топки.




