Отворен Културно- информативниот центар на Северна Македонија во Истанбул, Турција. Во годините што следуваат центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите, изјави министерот за култура, Хусни Исмаили.
-
Култура 19.12.2019 14:38
-
Култура 18.12.2019 15:36
25 години од филмот „Пред дождот“
Неговиот првенец „Пред дождот“ се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна безизлезност. Во период на редефинирање и барање на сопствениот идентитет.
-
Култура 18.12.2019 13:40
„Оревокршачка“ предновогодишно на сцената на Националната опера и балет
На 28-ми декември балетот „Оревокршачка “ од Петар Илич Чајковски традиционално предновогодишно повторно на сцената на Националната опера. Овој балет е ултимативна новогодишно- божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело.
-
Култура 17.12.2019 11:01
„Медена земја“ во потесен избор за Оскар во две категории
Документарниот филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.
-
Култура 16.12.2019 11:40
„Замисли желба“ - новогодишна симфониска бајка за деца во Филхрамонија
На 21-ви декември Националната филхармонија ќе одржи новогодишен концерт за деца под наслов „Замисли желба“.
На концертот ќе настапи Хорот ПроАрс, аниматор е Мартин Јорданоски, аранжманите се на Ангел Спироски, а диригентската палка е во рацете на Сашо Татарчевски.
-
Култура 13.12.2019 14:36
Гала концерт и изложба за 70 години Македонски балет
Приказната што почна во 1949 година, треба да ја негуваме, восприемаме и воздигнуваме секогаш на повисокиот пиедестал во општеството, велат во Македонскиот балет, што го прославува континуитетот на седумте децении основање.
-
Култура 13.12.2019 11:56
Сѐ што ни е заедничко – изложба во Музејот на современата уметност на светски етаблирани уметници
На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сѐ што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.
-
Култура 12.12.2019 15:29
Гала балетски концерт - 70 години балет
На 14 декември во Националната опера и балет ќе се одржи Гала балетски концерт по повод 70 години балет. На концертот ќе му претходи изложба под наслов „Живот во движење“ посветена токму на овој значаен јубилеј. Идејата и реализацијата е на Наташа Јосифовска, а подготовката на Един Личина.
-
Култура 11.12.2019 11:23
Концерт на виолистот Блерим Груби
Македонскиот виолист Блерим Груби вечер од 20 часот ќе одржи концерт во Камерната сала на Филхармонијата, со кој ќе одбележи триесет години уметничка дејност. На програмата се дела од Бах, Шостакович, Шуберт, Бекири, Зографски, Брамс.
-
Култура 11.12.2019 11:10
Во Софија формиран Форум на балкански писатели
Во Софија е формиран Форум на балкански писатели. Главна цел на овој Форум е зачувување, поддршка и користење на јазичните, книжевните и културните разноликости во Југоисточна Европа.
Се планира Форумот да биде поттикнувач на заедничките културни искуства во секојдневниот живот.







