Судбините на две жени се испреплетуваат кога ќе се сретнат во воз. На прв поглед немаат ништо заедничко, но запознавајќи се тие ги откриваат своите тајни и трауми. „Три дена во септември“ е новиот македонски филм кој вчеравечер го отвори фестивалот на европски филмови „Синедејс“.
-
Култура 13.11.2015 14:48
-
Култура 12.11.2015 23:57
„Ај Кју“ победници на фестивалот „Скопје 2015“
Победник на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ е групата „Ај Кју“ со песната „Убава“, која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.
-
Култура 11.11.2015 15:40
Низа проекти во Музејот на Македонија
Уредени се депоата во кои се чуваат вредни предмети кои ги поседува Музејот на Македонија. Се уредува и постојаната поставка на историскиот оддел каде што ќе бидат изложени 10.000 предмети.
-
Култура 10.11.2015 12:28
Охридската Филмска академија почна со работа
Со проекцијата на филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, кој е македонски кандидат за Оскар на филмови од неанглиско говорно подрачје и официјално започна наставата на „Институтот за филм-Филмска академија“ во Охрид.
-
Култура 09.11.2015 12:58
Најголемиот кинески танцов ансамбл на сцената на МНТ
Македонскиот Народен Театар ги отвора вратите за кинеските уметници од Кинеската национална опера и Театарот за танцова драма. Кинезите најавуваат незаборавен и грандиозен танцов спектакл за античкиот кинески филозоф Конфучиј. Гостувањето е дел од големата турнеја на ансамблитe.
-
Култура 09.11.2015 12:08
„Дамата со камелии“ на сцената на МОБ
Балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, ќе биде изведена утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.
-
Култура 06.11.2015 13:47
Француска продукциска куќа најави можност да снима нов филм во Македонија
Во рамките на престојот во Париз, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оствари и средба со раководствата на реномирани компании за филмска продукција од Франција и од Велика Британија со кои разговараше за можностите за снимање филмски проекти во Република Македонија.
-
Култура 05.11.2015 14:27
„Синедејс“ од 12-ти до 21-ви ноември
Годинашново 14-то издание на „Синедејс“ ќе се отвори со премиерата на македонскиот филм „Три дена во септември“ на режисерот Дарјан Пејовски.
Ќе се одржи од 12-ти до 21-ви месецов, под мотото „Европа тоа најдобро го прави“. Ќе бидат прикажани 100-тина филмови во неколку програми.
-
Култура 05.11.2015 13:33
Утре почнува 27-то издание на „Скомрахи“
Утре во Драмскиот театар почнува 27-то издание на „Скомрахи“. Ќе трае до 10-ти месецов. Отворањето е со дипломската претстава „Сината соба“ на класата на професорот Златко Славенски.
-
Култура 04.11.2015 14:48
Ќе се реконструира гледалиштето на театарот во Скупи
Започната е реконструкцијата и конзервацијатана сценската зграда на тетарот Скупи. Рокот за завршување е шест месеци. За гледалиштето идејниот прокет е завршен. Според динамиката во декември треба да се распише тендер за избор на фирма која ќе го реконструира гледалиштето на театарот Скупи.










