Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на Штип. Во рамки на посетата ќе изврши увид во градежни активности на неколку инфраструктурни проекти, а ќе го посети и Универзитетот „Гоце Делчев“.
-
Македонија 05.05.2025 08:42
-
Македонија 05.05.2025 08:33
Денеска средба Мицкоски-Таравари
Денеска тет-а-тет средба Мицкоски-Таравари. Премиерот од него ќе бара јасен одговор дали е точно дека има договор со лидерот на ДУИ за локалните избори.
-
Македонија 05.05.2025 08:30
Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, којашто под нејзино покровителство ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со почеток во 12:00 часот.
-
Македонија 05.05.2025 08:24
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 05.05.2025 08:19
Променливо облачно, претпладне со слаб дожд
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
-
Македонија 04.05.2025 17:39
Истрага за убиство во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.05.2025 16:15
Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“
Првиот том „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали) е создаден од материјали собирани во 351 населено место.
-
Македонија 04.05.2025 16:01
Утре средба Мицкоски-Таравари
Останува ли Таравари во Владата на Мицкоски, или, сепак ќе ја напушти поради контактите со ДУИ и Али Ахмети? Одговорот ќе се знае многу скоро, откако шефот на владата најави средба со неговиот министер за здравство в понеделник.
-
Македонија 04.05.2025 15:31
Македонија го чествува великанот, одбележани 122 години од загинувањето на Гоце Делчев
Одбележани 122 години од загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слободна Македонија, Гоце Делчев. Делото на Гоце Делчев и по повеќе од еден век од неговото загинување е потсетник на жртвите на нашите предци за самостојна македонска држава.
-
Македонија 04.05.2025 14:25
Трка „по патеките на оризот“, во чест на настраданите
Педесет дена од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Градот продолжува да тагува. Тишина и молк. На иницијатива на родителите се одржа велосипедска трка насловена „по патеките на оризот“ а во чест на настраданите.









