Со испитување на вештите лица предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството.
-
Македонија 03.09.2026 09:32
-
Македонија 03.09.2026 09:03
Обемна агенда и десетици законски измени на повеќе собраниски комисии
Повеќе собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат предлог-закони од економијата, финансиите, здравството, земјоделството, безбедноста, транспортот, локалната самоуправа и јавната администрација.
-
Македонија 03.09.2026 08:41
27 пожари на отворено во изминатото деноноќие, два се активни
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, три се ставени под контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 03.09.2026 08:18
Пороен дожд и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава
Пороен дожд, грмежи и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава. Невремето беше поизразено во кавадаречкиот регион, како и во струмичко, каде што водата навлезе и во објекти, меѓу кои и во катна гаража, а имаше и паднати дрвја.
-
Македонија 03.09.2026 08:11
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 03.09.2026 08:11
Собранието продолжува со 121. седница, на дневен ред бројни законски измени
Пратениците денеска треба да расправаат за Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година, како и за Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.
-
Македонија 03.09.2026 08:08
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.
-
Македонија 02.09.2026 20:27
Авионска дезинсекција против комарци в сабота во Скопје
Градот Скопје во сабота, 5 септември, во раните утрински часови ќе спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на територијата на градот.
Од Градот Скопје информираат дека дезинсекцијата ќе се изврши доколку временските услови го дозволуваат тоа.
-
Македонија 02.09.2026 19:26
Општина Аеродром подели 830 таблети за учениците од четврто одделение
Денеска во ООУ „Љубен Лапе“, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, им поделија таблети на учениците од четврто одделение.
-
Македонија 02.09.2026 19:08
Почина универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Јован Донев
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев. Тој зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера.










