Истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и е насочена само кон поранешни функционери, обвини СДСМ. Партијата бара да се лоцира одговорност кај сите функционери, и актуелни и поранешни кои имаат поврзаност со случајот.
-
Македонија 25.03.2025 15:00
-
Македонија 25.03.2025 14:41
Кривична пријава против пет лица поради злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта.
-
Македонија 25.03.2025 14:22
Постапката за Коцевски на пауза поради трагедијата
Државниот обвинител Коцевски засега куртули од разрешување. Владата, додека трае истрагата за трагедијата во Кочани нема да бара Собранието да го смени, бидејќи е задоволна од неговата работа и соработката со МВР.
-
Македонија 25.03.2025 14:22
Приведено лице од липковско, возел со брзина од 108 километри на час во населено место
Вчера во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково, соопшти МВР.
-
Македонија 25.03.2025 14:08
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица
Денес Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
-
Македонија 25.03.2025 13:41
Вработени во ЦСР на протест по вчерашниот напад над социјална работничка од Прилеп
Застреланата социјална работничка од Прилеп е во добра состојба. Нејзините колеги денеска излегоа на протест, бараат физичко обезбедување.
Елизабета Mитреска известува од Прилеп.
-
Македонија 25.03.2025 13:26
Мицкоски: Период за исправање на грешките
Ќе го исправиме она што повеќе од три децении беше погрешно. Премиерот Мицкоски го образложи мораториумот, со којшто ќе се остави простор да се отстранат неправилностите. На списокот има и државни објекти. Веќе е донесена одлука и за одземање лиценца за градење и урбанистичко планирање.
-
Македонија 25.03.2025 13:17
Нови претреси и распити за пожарот во дискотеката „Пулс“
Нови претрес и распити во рамки на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Под лупа и друг објект на сопственикот. Одземена е документација.
Наташа Јанчиќ-Менковски е во Кочани.
-
Македонија 25.03.2025 13:11
12 пациенти на домашно лекување, 4 критични
Дванаесетмина повредени кои се лекуваа во болниците во Скопје се пуштаат на домашно лекување. Бројот на хоспитализирани во земјава падна под 30.
-
Македонија 25.03.2025 12:59
Перински во Радишани: Мега парк – проект за поголема урбанизација на општина Бутел
Денеска започна изградбата на мега парк, јавна површина со плоштад и пешачка патека во Радишани, како еден од дванаесетте проекти кои Општина Бутел ќе ги реализира со средства одобрени на првиот владин јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни општински проекти.










