Пожарот на Китка никако да стивне. Најкритичен е и активен повеќе денови. Пожарникари гаснат и од небо и од земја. Повторно се разгорува бидејќи некој постојано потпалува, а планината гори на повеќе позиции, вели првиот човек на ДЗС Ангелов.
-
Македонија 25.08.2026 14:01
-
Македонија 25.08.2026 12:49
Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси од значење за унапредување на правосудниот систем.
-
Македонија 25.08.2026 11:56
Сиљановска-Давкова: Родово-одговорното буџетирање е нужност за креирање подобри јавни политики
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со претставнички на Научниот одбор на меѓународната конференција за родово-одговорно буџетирање, која се одржува во Охрид.
-
Македонија 25.08.2026 10:26
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е во доказна постапка, а со завршувањето на градежното вештачење треба да заврши и изведувањето докази од Обвинителството.
-
Македонија 25.08.2026 09:52
Муцунски - Саар: Македонија и Израел со нови можности за продлабочување на соработката
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Израел се сретна со својот израелски колега Гидеон Саар. На средбата биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување.
-
Македонија 25.08.2026 09:34
Денеска седница на Судски совет
Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница, на која членовите ќе разгледуваат повеќе точки поврзани со работата на судиите и судовите.
-
Македонија 25.08.2026 09:01
Училишната кошничка денеска на владина седница
На владина седница ќе се носи одлука за „училишна кошничка“. Со мерката треба да се спречи поскапување на школскиот прибор, пред стартот на учебната година. Министерството за економија и трговците се договорија за намалување на цените до 15 проценти.
-
Македонија 25.08.2026 08:43
ЦУК: 29 пожари на отворено во едно деноноќие, три сè уште активни
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 25.08.2026 07:26
Целосен прекин на патот Крива Паланка – Куманово поради сообраќајна несреќа
Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај местото викано Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 25.08.2026 07:19
Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.










