Покажавме дека сме стабилна членка на НАТО. Во МНР на заедничка маса институциите, дипломатите и експертите за ризиците и безбедноста на земјава и предизвиците на Европа во колективната одбрана во Алијансата. Миле А. Ристески ја следеше конференцијата во МНР.
-
Македонија 05.11.2024 13:39
-
Македонија 05.11.2024 13:24
Напредок во сузбивањето на организираниот криминал
Има напредок во борбата со организираниот криминал, но и многу работа за справување со предизвиците. Неопходна институционална соработка, да се зајакне координацијата меѓу Царината и МВР, е една од пораките на конференцијата.
Известува Александра Велинова.
-
Македонија 05.11.2024 13:23
Средба Муцунски - Липавски
Чешка ја поддржува македонската Влада кон европскиот пат. Партнерството се гради веќе три децении. Во Прага министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретна со чешкиот колега Липавски.
-
Македонија 05.11.2024 13:14
Американските граѓани гласаат и во Македонија
Американците го бираат новиот челник на Белата куќа. Секој глас, клучен во обликување на иднината на нацијата и политиката на земјата. Американската амбасадорка Агелер веќе гласаше. Ги повика сите американски граѓани во Македонија да го остварат демократското право.
-
Македонија 05.11.2024 12:18
Едно лице загина, три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман
Едно лице го загубило животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај селото Рибарци, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.
-
Македонија 05.11.2024 12:04
Повторно одложено судењето за модуларната болница во Тетово
По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница, откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година.
-
Македонија 05.11.2024 11:25
Судски совет тврди дека законски ставиле свои членови во Академијата на судии и обвинители
Судскиот совет на транспарентен и отчетен начин, на јавната седница одржана на 24-ти октомври изврши номинација на членови на управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите кои се членови на Судскиот совет.
-
Македонија 05.11.2024 11:13
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 04.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Р.(28) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, соопштија од МВР.
-
Македонија 05.11.2024 10:51
Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце
Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце се пренасочува, соопшти утрово АМСМ. Полициски службеници на терен ги пренасочуваат возилата на потегот кон бензинската пумпа Дизел
Пренасочувањето е поради технички проблеми на терминалот од косовска страна.
-
Македонија 05.11.2024 10:12
Приведени крадци во тетовско
Вчера во 11.35 и во 12.20 часот во с. Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Љ.З.(36) од с. Боговиње и Е.Н.(32) од с. Горно Седларце.










