ССМ бара прекин на работата на отворено во најтоплиот дел од денот. Поради високите температури, Синдикатот апелира работодавачите да ја запрат или ограничат работата на отворено од 11 до 17 часот и да обезбедат безбедни услови за вработените.
-
Македонија 05.08.2026 14:27
-
Македонија 05.08.2026 13:53
Осум лица повредени во верижен судир кај Битола
Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3, во близина на мостот на реката Шемница, утрово од 9-12 часот целосно го затвори патниот правец Прилеп-Битола. Во сообраќајната несреќа учествувале четири возила, а 9 лица со тешки телесни повреди се пренесени во Клиничката болница во Битола.
-
Македонија 05.08.2026 13:35
СДСМ тврди дека се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, МНР демантира
Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Според Андреј Жерновски и информациите на СДСМ, владата на Мицкоски веќе го договорила прифаќањето, а од опозициската партија тврдат дека за ова добиле јасни сигнали од Брисел, Берлин и Париз.
-
Македонија 05.08.2026 13:19
Топлотен бран со температури над 40 степени
Продолжува топлотниот бран во Македонија, температури околу 40-от степен. Апел за редуцирани движења во најтоплиот ден од денот и постојана хидратација на организмот. И екипите на црвениот крст меѓу граѓаните.
Известува Александра Спировска
-
Македонија 05.08.2026 13:08
Гостиварци трета недела без вода за пиење
Поради штетна бактерија, водата од гостиварскиот водовод и натаму не е безбедна за пиење. Може да се користи само како техничка. Надлежните продолжуваат со анализите.
-
Македонија 05.08.2026 12:06
Владата ги отфрли обвинувањата на СДСМ за набавката на вода за Гостивар
Владата ги отфрли како неосновани тврдењата на СДСМ дека договорот со компанијата „Кожувчанка“ за набавка на флаширана вода за жителите на Гостивар бил склучен со директно договарање, без јавен оглас.
-
Македонија 05.08.2026 11:18
Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
Царинската управа во јули оствари историски највисока месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.
-
Македонија 05.08.2026 09:55
Се чека извештајот од инспекцискиот надзор за случајот со 19-годишната родилка од Струмица
Завршен е вонредниот инспекциски надзор во штипската и струмичката болница и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Денеска треба да биде комплетиран извештајот за 19-годишната струмичанка, која по царски рез, остана неподвижна.
-
Македонија 05.08.2026 09:36
ЦУК: Изгаснати сите 22 пожари на отворено регистрирани до утринава
Во изминатото деноноќие, заклучно со 7:30 часот утринава, во државата биле евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, а сите се успешно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 05.08.2026 08:44
Сончево и топло време со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 31 до 40 степени. Во Скопје ќе имаме слично време – сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец и температура до 37 степени.










