Водата од водоводната мрежа во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и треба да се користи исклучиво како техничка вода, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Кризниот штаб.
-
Македонија 04.08.2026 16:27
-
Македонија 04.08.2026 16:13
МЗ: Во Гостивар се намалува бројот на прегледи
Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи во координација со надлежните здравствени институции.
-
Македонија 04.08.2026 15:00
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите стандарди
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено информирање на граѓаните.
-
Македонија 04.08.2026 14:26
За случајот со родилката од Штип, ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор
Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во трите здравствени установи, во кои била третирана 19-годишната жена, чиешто семејство раскажа дека по вториот царски рез останала парализирана
-
Македонија 04.08.2026 13:53
Пожарот кај Кавадарци ставен под контрола, се очекува целосно да биде изгаснат до крајот на денот
Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
-
Македонија 04.08.2026 13:37
Спасителите на вода со над 500 интервенции
По продолжениот празничен викенд, Охрид беше преполн со туристи како никогаш досега, тоа само по себе носи многу предизвици, но и проблеми. Центарот за безбедност на вода во Охрид со полни раце работа. Спасен 21 давеник укажани над 500 интервенции на прва помош.
-
Македонија 04.08.2026 13:20
Нови сомнителни случаи со западнонилска треска
Сè уште на Инфективната клиника има пациенти во критична состојба од западнонилската треска.
Каква е состојбата со хоспитализираните, во Дневникот Андријана Ѓурческа разговара со директорот на Инфективана, д-р Фадил Цана.
-
Македонија 04.08.2026 13:13
Граѓаните на Гостивар чекаат питка вода
Сè уште и покрај екстремното хипехлорирање на гостиварскиот водовод има бактерија, која предизвикува низа проблеми, така што, не може да се добијат согласно со протоколите, три последователни исправни извештаи.
-
Македонија 04.08.2026 12:19
Речиси 21.000 сообраќајни прекршоци во јули, приведени 496 возачи за безобѕирно возење
Во периодот од 1 до 31 јули, полициските службеници на територијата на целата држава констатирале 20.976 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 04.08.2026 10:44
ИЈЗ: Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот, почитувајте ги мерките
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, кога ризикот од топлотен удар е најголем.










