Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
-
Македонија 19.05.2024 08:33
-
Македонија 18.05.2024 20:57
Расчистено двојното убиство во Стајковци, поднесена е кривична пријава
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од с. Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 14.05.2024 во домот во с.
-
Македонија 18.05.2024 20:37
Вербални закани кон Кацарска, случајот пријавен в полиција
Вербални закани и загрозување на сигурноста кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен в полиција. 57 годишен маж од Богданци вербално ја нападнал Кацарска во угостителски објект во центарот на Скопје, со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш“.
-
Македонија 18.05.2024 19:49
Се поизразен е проблемот со недостиг на лекари специјалисти
Во приоритетите на новиот Министер за здравство треба да биде стратегијата за решавање на недостигот од специјалисти во болниците, бараат лекарите, велат одливот на кадар но и слабиот интерес за специјализации кои не се доволно ценети, не доведе во состојба здравствениот систем да не може да одго
-
Македонија 18.05.2024 19:10
Кадровски промени во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова
Кадровски промени во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За генерален секретар го именувала Ѓорѓи Божинов, дипломиран правник со работно искуство во областа на правото.
-
Македонија 18.05.2024 19:03
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.
-
Македонија 18.05.2024 17:54
Приведена полицајка за кривично дело „измама“
41-годишна полицајка, вработено како виш аналитичар во СВР Скопје е лишена од слобода. Колегите од внатрешна контрола на дело ја фатиле со 12 и пол илјади евра, во близина на полициска станица, веднаш по примањето на финансиите за наводно посредување за социјален стан.
-
Македонија 18.05.2024 17:15
Дуи одржува централно претседателство
Претседателот на ДУИ Али Ахмети смета дека неправедно е за да се стават во прашање два мандати на Европскиот фронт.
-
Македонија 18.05.2024 17:00
В среда на 22-ри мај ќе се прегласува на седум избирачки места
На 22-ри мај ќе се прегласува на 7 избирачки места. Управен пресече, ДИК констатираше. В среда ново гласање ќе има на шест избирачки места во петата и на едно во шестата изборна единица. Неизвесна ситуацијата со пратеничките мандати на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.
-
Македонија 18.05.2024 16:47
Продолжуваат разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за состав на новата влада
Зад затворени врати и без многу информации се одвиваат разговорите за формирање на владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“. И покрај низата објави на имиња и ресори, во двете партии тврдат дека сè уште е рано да се зборува за ресори и имиња на луѓе кои ќе ги раководат министерствата.










