Овоштари да ги искористат овие месеци за есенските и зимски заштитни активности, порачуваат експертите. Пожелно е физички да се отстранат гнездата во кои презимуваат гасениците или јајцата на штетниците.
-
Македонија 23.11.2023 08:26
-
Македонија 23.11.2023 08:20
Премиерот Ковачевски ќе ја посети компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе биде придружуван од заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.
-
Македонија 23.11.2023 08:11
Променливо облачно и ветровито време
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 13 степени.
-
Македонија 22.11.2023 20:27
Заострена реторика во ЕП за блокадата на Македонија
Неколку европратеници како австрискиот Андреас Шидер и словенечкиот Матјаж Немец, повикаа Бугарија да и го отвори патот на Македонија кон пристапувањето во Европската Унија, за чија европска определба нема сомневања, бидејќи за да ѝ се отворат вратите за преговори таа го промени и името.
-
Македонија 22.11.2023 19:57
Околу 100 тони хемикалии изгореа во тетовско Фалише, тетовчани советувани да седат дома
Граѓаните да останат дома и со затворени прозорци, апел од надлежните по пожарот во магацин на фирма кај тетовско Фалише во кој изгореа бои, лакови и други хемикалии. Согорувањето создава отровни и штетни гасови во воздухот. Известува Зоран Димовски.
-
Македонија 22.11.2023 18:36
Енигма е кој ќе ја води техничката влада
Мај е месецот за претседателски и парламентарни избори во државава. По премиерот Ковачевски, и дел од министрите во неговата влада потврдуваат дека договорот е постигнат, само официјално да се седне на маса и со опозицијата која всушност бараше споени изборни процеси.
-
Македонија 22.11.2023 17:13
Ковачевски: Со почитување на различните јазици потврдуваме дека сме функционално мултиетничко општество
Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на Свечената академија по повод 115-годишнината од стандардизацијата на албанската азбука.
-
Македонија 22.11.2023 17:09
Осум часа потрага за помош откако куче касна дете
Ќерката на Лејла тргнала на училиште. Но наместо на настава, завршила во пет здравствени институции барајќи помош откако улично куче ја каснало за колено. Настанот се случил во близина до нивниот дом, во скопски Чаир.
-
Македонија 22.11.2023 16:30
Кацарска бара поддршка од сите политички чинители за воведување на уставната жалба
За посеопфатна правна заштита на граѓаните, неопходно е да се воведе уставна жалба. Тоа подразбира можност луѓето да иницираат тужба пред Уставниот суд за заштита на поголем број права и слободи, за кои досега излезот го барале во меѓународните судови.
-
Македонија 22.11.2023 16:16
Николовски: Шумите се нашето богатство, но и наша заедничка обврска да ги сочуваме и обновуваме
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претставници на ЈП Нацонални Шуми и КБ Пензинско друштво, денеска во беровско на локацијата Будинарски рид се приклучија кон големата акција за пошумување – АЈДЕ










