Нема потврда на информациите од украинскиот претседател Зеленски дека Западен Балкан може да биде цел на руска закана. Генералниот секретар на НАТО Столтенберг од Скопје испрати порака дека регионот е безбеден, иако – посочи интересен за Москва, но не за воено инволвирање.
-
Македонија 21.11.2023 21:06
-
Македонија 21.11.2023 19:01
Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на Република Северна Македонија, во рамки на неговата посета на земјите од Западен Балкан.
-
Македонија 21.11.2023 17:21
Столтенберг на средби со државниот врв
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Скопје. Покрај средбите со државниот врв и обраќањето пред пратениците во Собранието, утре состанок со земјите-членки на Алијансата од регионот. Известува Анита Димитријевска – Велковска.
-
Македонија 21.11.2023 16:35
Ковачевски-Столтенберг: Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска е во официјална посета на државата, одржаа тет-а-тет средба, по што заедно со делегациите одржаа билатерална средба.
-
Македонија 21.11.2023 16:08
Увидот во Собранието заврши, се очекува да се соопшти висината на штетата
Заврши увидот од страна на полицијата за инцидентот во Собранието. Поднеле известување до скопското Јавно обвинителство.
СВР Скопје поднесе известување до ОЈО Скопје и се постапува по насоки на ОЈО Скопје за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
-
Македонија 21.11.2023 15:52
Столтенберг пристигна во Скопје – го пречекаа Ковачевски и Петровска
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје го пречека генералниот секретар на НАТО – Алијансата, Јенс Столтенберг.
-
Македонија 21.11.2023 15:11
Тренчевска: Мерките за ранливите категории граѓани се очекува да бидат донесен до крајот на неделава
Кој сè ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката со мерките за ранливите категории, ќе се знае до крајот на оваа недела, кога и се очекува Владата да ги усвои.
-
Македонија 21.11.2023 15:03
Меѓусебни обвинувања за блокадата во евроинтеграциите
Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ повтори дека блокадата на државата во овој момент има име и презиме, дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа политичка партија, кои свесно, со политичка одлука, ја блокираат државата во понатамошниот тек на преговорите.
-
Македонија 21.11.2023 14:38
Пет решенија за новиот урбанистички план на Расадник
Во креирањето на идејното решение за новиот изглед на Расадник биле вклучени и граѓаните на Општина Кисела Вода.
-
Македонија 21.11.2023 13:49
Мирен протест на вработените во канцеларијата на Народниот правобранител
Самостојност и финансиска независност, повисоки плати и изземање од Законот за административни службеници, побараа на мирен протест вработените во канцеларијата на Народниот правобранител.










