Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со состојбата со хигиената.
-
Македонија 05.06.2026 11:34
-
Македонија 05.06.2026 11:07
Самит ЕУ- Западен Балкан во Тиват
Тиват домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој учествуваат лидерите на Европската унија и на шесте земји од регионот, во обид да се даде нов поттик на процесот на европска интеграција и на соработката меѓу Брисел и Западен Балкан.
-
Македонија 05.06.2026 09:51
Судско рочиште за поранешниот директор на комунална хигиена
Денеска судско рочиште и за поранешниот директор на комунална хигиена Сабахудин Рустеми. Обвинет е дека во текот на октомври 2025 спречил навремено собирање на сметот, додека главниот град тонеше во отпад.
-
Македонија 05.06.2026 09:14
Јавна расправа за законите за дигитална трансформација
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“.
-
Македонија 05.06.2026 08:59
Промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ на Мојсова-Чепишевска
Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, денес, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“.
-
Македонија 05.06.2026 08:43
Македонија избрана во Економско-социјалниот совет на ОН
Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027 – 2029 година, на гласањето што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк, кандидатурата на Македонија доби поддршка од 174 држави членки станува збор за историски успех на македонската дипл
-
Македонија 05.06.2026 08:36
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 05.06.2026 08:28
Рочиште за 13 полицајци во случајот „Пулс“
Во основниот Кривичен суд денеска ново рочиште за 13-те полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со несреќата во кочанската дискотека „Пулс“ на претходното рочиште обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни.
-
Македонија 05.06.2026 08:21
Променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 04.06.2026 19:49
Антикорупциска отвори предмет по ревизорскиот извештај за ИЈЗ
Државната комисија за спречување на корупција отвор предмет под сопствена иницијатива за наводите во ревизорскиот извештај на Институтот за јавно здравје.










