Со 32 пожарникари и 14 возила за гасење на пламени јазици, ТППЕ Битола од пожари на отворено и пожари во објекти ги брани општините Битола, Новаци и Могила, но и два национални паркови. Возниот парк ќе се збогати за теренско возило за тешко достапни терени и за противпожарно возило-цистерна.
-
Македонија 04.06.2026 19:30
-
Македонија 04.06.2026 19:12
Јавна дебата за струшката депонија
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението. Ова е заклучокот од денешната јавна расправа насловена „Од дива депонија до европско решение“.
-
Македонија 04.06.2026 18:28
Клековски: Над 650 пациенти чекаат вештачки колкови
Пациентите бираат кој сака да им го оперира колкот или коленото. И покрај големиот број на хирурзи, сите се одлучуваат за 5-6 лекари во Скопје, па тоа ги прави листите на чекање долги.
-
Македонија 04.06.2026 18:06
Засилени контроли на АХВ, сомнежи за неправилности и кај сувомесните производи
Сирење, кашкавал, млечни производи, сувомесни со состав што не одговара на декларацијата – ова го констатирале инспекторите на АХВ. Анализите покажаа неправилности кај 10 компании, но од Агенцијата велат дека не станува збор за небезбедност на храната, туку за нарушен квалитет.
-
Македонија 04.06.2026 17:48
Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер
Законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници, одлучи Комитетот за односи меѓу заедниците.
-
Македонија 04.06.2026 17:27
За месецов најавена владина реконструкција
По најавената владина реконструкција до крајот на месецов се очекува да се разговара за можна промена на ресори и имиња, според копретседателот на ВРЕДИ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити. Вели, дека се договорени со владините партнерите во Владата за реконструкција.
-
Македонија 04.06.2026 17:05
Ново рочиште за случајот „Ипард“
Обвинетите имале обврска законски да ги трошат европските пари, но наместо тоа се впуштиле во корупција и договорно ја изиграле процедурата, уривајќи го угледот на земјава пред Европската унија, рече во воведен говор обвинителката за случајот ИПАРД.
-
Македонија 04.06.2026 16:43
Притвор за Богоев и уште тројца осомничени
Поранешниот директор на царинската управа, Стефан Богоев заврши во 30-дневен притвор. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка откако доцна синоќа беше сослушан во Кривичниот суд. Во притвор одат и останатите тројца осомничени.
-
Македонија 04.06.2026 16:24
Муцунски: Услови за уставни измени можат да се создадат ако се изгради меѓусебна доверба со Софија
Македонската влада останува на цврстата позиција и по посетата на претседателот на Европскиот совет, Антионио Кошта – во моментов, не се создадени услови за уставни измени.
-
Македонија 04.06.2026 14:58
Со фиктивни испратници и фалсификувани документи заработиле над 1,4 милиони денари
СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против С.К. (43) од селото Дедино, општина Конче, и против правен субјект од Радовиш поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и фалсификување документи.










