Куманово е едно од најголемите родилишта во државата, но и градот не го одминува трендот на иселување. Во општата болница лани се родиле 846 деца, што е значајно помал број во споредба со претходните години. Од почетокот на годината пак се родени 45 новороденчиња.
-
Македонија 22.01.2023 12:24
-
Македонија 22.01.2023 12:09
ЈКП „Тетово“ во долгови, градот тоне во смет
Смет околу контејнерите, по тротоарите и другите јавните површини, запуштени тревници. Комуналните проблеми во Тетово никако да се решат. Граѓаните велат дека еколошката свест е на многу ниско ниво, но и општината недоволно ја одржува хигиената во Тетово.
-
Македонија 22.01.2023 09:42
Македонско јагнешко од овчеполка праменка
Земјоделската задруга Здружение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци поднесе барање за регистрација на заштитена географска ознака „македонско јагнешко од овчеполка праменка“.
-
Македонија 22.01.2023 09:15
157 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 22.01.2023 09:09
Османи во посета на Софија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе оствари работна посета на Софија. Тој ќе се сретне со неговиот бугарски колега Николај Милков, при што заедно ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопштија од МНР.
-
Македонија 22.01.2023 08:51
Сончево со умерена облачност
Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Наутро по котлините е можна појава на слаба магла. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
-
Македонија 21.01.2023 20:18
АА сè уште ќе одлучува дали ќе влезат во Владата
Алијанса за Албанците сè уште ќе одлучува дали ќе влезат во Владата. Партијата ќе формира комисија која во наредните две седмици треба да ја донесе конечната одлука. Таравари вели никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен, не може да се меша во одлуките на партијата.
-
Македонија 21.01.2023 18:16
Разговори за проширување на мнозинството
Секоја партија којашто го поддржува европскиот концепт е добредојдена во владината коалиција – порачуваат од СДСМ.
-
Македонија 21.01.2023 16:43
Кракен, нова страница во борбата со Ковид
Новиот позаразен сој на коронавирусот кракен веројатно веќе е присутен и циркулира меѓу населението во земјава, оценуваат епидемиолози. Според доктор Олумчев, патувањата за зимскиот одмор се причината зошто овој сој од соседството со голема веројатност се префрлил кај нас.
-
Македонија 21.01.2023 16:07
Акциска контрола во угостителски објекти, четири лица приведени
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23.30 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.










