Според опфатот на имунизирани деца со прва доза на МРП вакцина, Македонија е на чекор до епидемија од морбили. Стабилна епидемиолошка состојба се постигнува со опфат на имунизација над 90 насто на национално ниво. Во моментот бројките се далеку помали.
-
Македонија 21.01.2023 13:46
-
Македонија 21.01.2023 12:22
Намален водостојот на Преспанското Езеро
Алармантна е состојбата во Преспа. Климатските промени, невообичаената топла зима, недостигот на дожд и снег придонесоа за уште поголемо намалување на водостојот на Преспанското езеро.
-
Македонија 21.01.2023 12:00
Произведени 16.048 MWh електрична енергија, целосно задоволени домаќинствата и дополнителните снабдувања
АД ЕСМ вчера произведе 16.048 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
-
Македонија 21.01.2023 11:39
Хакиран профилот на ОБСЕ во Скопје
Организацијата за безбедност и соработка објави дека е хакирана и преименувана електронската страница на Мисијата во Скопје.
Во објавата се предупредува дека сите пораки што доаѓаат од меилот не се авторизирани од меѓународната организација.
-
Македонија 21.01.2023 10:56
Реновираниот Офицерски дом, најпровокативна битолска културна институција за минатата година
За некогашниот Офицерски дом, повозрасните битолчани без размислување ќе ви речат објект од големо историско значење и дел од нашата младост. По реновирањето за новиве генерации тоа е куќа или палата на културата.
-
Македонија 21.01.2023 09:14
На територија на СВР Битола санкционирани 51 возач
Вчера, во периодот од 14.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 51 возач.
-
Македонија 21.01.2023 09:04
Нови парцели одат под закуп
Државата нуди вкупно 1.100 хектари земјоделско земјиште, распоредени во 9 региони и тоа во: Гази Баба, Кисела Вода, Кавадарци, Крива Паланка, Велес, Валандово, Радовиш, Свето Николе и во Штип. Парцелите се со големина над 3 хектари.
-
Македонија 21.01.2023 08:52
Врнежи од снег на Стража и Пресека
Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.
-
Македонија 21.01.2023 08:31
Променливо облачно со врнежи од дожд, на повисоките места снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни.
-
Македонија 20.01.2023 18:45
Делегацијата на ЕУ го осуди инцидентот во Охрид
Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава ги осудува сите акти на насилство, како тој во Охрид и очекува властите да го истражат случајот.










