Општина Струга „заработи“ управен приговор од граѓаните заради исклучувањето на јавното осветлување во градот и околината.
-
Македонија 14.10.2022 15:01
-
Македонија 14.10.2022 14:49
Антикорупционерите задоволни од извештајот на Европската комисија
Антикорупционерите задоволни од извештајот на Европската комисија, велат, тоа е конечно потврда по четврти пат за нивниот интегритет, независност и непристрасност и во тоа никој ниту можел ниту ќе може да ги спречи.
-
Македонија 14.10.2022 14:42
МРТ одлучи да не учествува на „Евровизија 2023“
Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство.
-
Македонија 14.10.2022 14:35
ЕСМ ја доби лиценцата, почнува грејната сезона
Почнува грејната сезона. ЕСМ ја доби лиценцата ја дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Но температурата на топлење ќе биде најмногу 21 степен-велат од Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 14.10.2022 14:29
Петровска и Лекорну потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната
Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот домаќин Себастијан Лекорну во Париз го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната.
Документот следува по Договорот за опремување на македонската Армија со воена опрема од француско производство.
-
Македонија 14.10.2022 14:18
Регистрирани 70 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 51, Прилеп – 9, Битола и Куманово – по 3, Охрид – 2, Тетово и Кавадарци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции.
-
Македонија 14.10.2022 14:05
Османи: Највисоката оценка за перформансите на надворешната политика на државата
Денес, во Скопје, министерот за надворешни работи учествуваше на панел дискусијата насловена: „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните“, настан во организација на Секретаријатот за европски прашања, а по повод објавениот редовен Извештај на Европската к
-
Македонија 14.10.2022 13:51
Одложено судењето за случајот „Беса Транс“
Судењето за случајот „Беса Транс“ се одложи пред да почне. Судот му наложи на обвинетиот Беким Хаџиу да ополномошти еден од вработените во фирмата за да го застапува правното лице на наредните судења.
Ново рочиште е закажано за средината на идниот месец.
-
Македонија 14.10.2022 13:29
КСЗД утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност извршено од клубот „Ванчо Михајлов“
Комисијата утврди вознемирување како потежок вид дискриминација по основ на етничка припадност, извршено од клубот „Ванчо Михајлов“ кон членовите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во државата, утврди Комисијата за заштита од дискрими
-
Македонија 14.10.2022 13:04
Социјалните мрежи, лажните информации и говорот на омраза, фактори за зголемена нетолеранција
Лажните вести, дезинформациите, теориите на заговор, па и економските и политички кризи последниве години ја зголемија нетолеранцијата, нетрпеливоста и неразбирањето меѓу религиозните групи и во нив, покажуваат истражувањата на невладината Станица П.Е.Т. за состојбите во Прилепскиот регион.










