Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов е предлогот на ЛДП за нов министер за локална самоуправа, откако Горан Милевски поднесе оставка. Пенов беше прв човек на Скопје во два мандата од 1996-та до 2005-та година.
-
Македонија 02.10.2022 17:29
-
Македонија 02.10.2022 16:37
Десеткратно зголемени сметките за струја во Здравствен дом Вевчани
Десеткратно зголемени сметките за електрична енергија во Здравствен дом Вевчани. Минатата година киловатчас на слободниот пазар бил 3,7 денари, годинава е 37 денари.
-
Македонија 02.10.2022 16:13
Пронајдено телото на 22-годишното момчето што падна во водите на Вардар
По шест дена интензивна потрага денеска се пронајде телото на 22-годишниот кумановец Ердон Рамадани, во водите на реката Вардар, на петстотини метри од тетовската касарна Еребино.
-
Македонија 02.10.2022 14:37
Се чистат дивите депонии во Кумановско
Се чистат дивите депонии во Куманово. Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повторно организира акции. Се работи во централното подрачје, но и во руралните средини. Според анализите во кумановско има околу 40 депонии.
-
Македонија 02.10.2022 14:28
МВР: Приведен измамник кој лажел повозрасни лица за да им изнуди пари
Денеска во 09:00 часот на Граничниот премин Деве Баир полициски службеници го лишија од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија.
-
Македонија 02.10.2022 13:53
Ковачевски до Мицкоски: Не е време за дуели и средби, туку за работа
Жалам што премиерот и министрите во Владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, еднаш да го остават политикантството и да се стават на страната на државата и граѓаните, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хр
-
Македонија 02.10.2022 11:43
Бесплатен градски превоз за студентите од државните факултети
Сите редовно запишани студенти на некои од државните факултети во Скопје имаат право на користење на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавниот превоз. Процедурата за издавање на билетот се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП.
-
Македонија 02.10.2022 09:29
Дел од возилата од јавниот превоз денеска со изменет режим поради „Скопскиот маратон“
Дел од возилата од јавниот превоз денеска од 7 до 13.30 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
-
Македонија 02.10.2022 09:23
Сончево време со мала до умерена облачност
Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.
-
Македонија 02.10.2022 09:20
Денеска се одржува „Скопскиот маратон“, учествуваат над 8.500 натпреварувачи
Во главниот град денеска се одржува „Скопскиот маратон“. Учествуваат над 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.










