Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
-
Македонија 21.12.2025 10:09
-
Македонија 21.12.2025 09:17
Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром
Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.
-
Македонија 21.12.2025 08:21
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла.
-
Македонија 20.12.2025 19:07
Поведена постапка за полов напад и телесна повреда на жена во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
-
Македонија 20.12.2025 18:11
Сиљановска-Давкова: Со донацијата во Хидробиолошкиот завод – Охрид, ТИКА повторно на дело го докажа турско-македонското пријателство
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид, заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на примопредавањето на донацијата на Хидробиолошкиот завод – Охрид од страна на Турската агенција за развој и соработка, ТИКА.
-
Македонија 20.12.2025 17:31
Кривичниот законик треба да ги поправи грешките во минатото
Освен повисоки казни затвор за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата, со поднесените измени од владејачката ВМРО ДПМНЕ, велат се овозможува повторно враќање на злоупотребата во јавните набавки како потешко кривично дело.
-
Македонија 20.12.2025 17:01
Казнети фирми за неправилно одлагање отпад
Десетици правни лица се казнети поради несоодветно одлагање на отпад. Изречени се казни од 1.800 до десетици илјади евра по различна основа. Ова доаѓа по еден месец од стапувањето на сила на одлуката за забрана на одлагање отпад помеѓу 22 и шест часот.
-
Македонија 20.12.2025 16:35
Скопје денеска втор најзагаден град во Европа
Скопје и Битола во моментов најзагадени градови во нашата земја, покажуваат податоците на Министерството за животна средина. Според Ај-Кју-Ер, главниот град е денеска втор најзагаден град во Европа, а во светот е на 20-то место. Најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден.
-
Македонија 20.12.2025 16:19
Петти конгрес на ДУИ
ДУИ на 5-тиот конгрес усвои резолуција за стратешките цели, членството во НАТО. Интеграцијата во ЕУ, почитувањето на рамковниот договор, економската благосостојба и зелената агенда.
-
Македонија 20.12.2025 15:03
Стимулациска вежба за последиците од петарди
Никола заедно со неколку волонтери на Црвениот крст од Струмица демонстрира како играчка станува плачка. Палејќи петарда тој ги загуби два прста од десната рака. Вежба која може да биде и реалност, вели Никола.










