Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј ќе служат литургија на помирување, со која како што велат ќе се воспостави литургиско и канонско причестување на двете сестрински цркви со одлука на собранието на СПЦ.
-
Македонија 18.05.2022 14:00
-
Македонија 18.05.2022 13:43
Милошоски: Санкции за Џафери за повреда на етичкиот кодекс
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат од претседателот на Комисијата за деловнички прашања да свика седница на која би се дискутирало за, како што велат, тешките повреди на Етичкиот кодекс од спикерот Џафери. До него е доставена и снимка од случувањата во собраниската сала.
-
Македонија 18.05.2022 13:37
Николовски со отворено писмо до Мицкоски и пратениците на опозицијата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 18.05.2022 13:33
Односите меѓу Македонија и Србија се на исклучително високо ниво
Силната регионална соработка е основа за забрзан економски раст, оценка на премиерите Ковачевски и Брнабиќ. На средбата позитивно оценет моментот на придвижување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, за надминување на меѓусебните прашања.
-
Македонија 18.05.2022 13:11
Г. Тимотеј: Голем чекор во решавање на статусот на МПЦ- ОА
До крајот на месецов очекуваме сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ- Охридска Архиепископија и да биде потпишан томосот од Вселенската Патријаршија. Сето ова што се случува е чекор напред.
-
Македонија 18.05.2022 12:52
Османи: Топката е кај Бугарија, да бидеме внимателни и да не наседнеме на провокации
Топката е кај Бугарија, важно е да бидеме внимателни и да не наседнеме на провокации- порача шефот а дипломатијата Османи. По вчерашната посета во Брисел тој рече дека Македонија од ниту една друга членка на ЕУ, нема забелешки за овој процес.
-
Македонија 18.05.2022 12:47
Петровска во посета на припадниците на Армијата распоредени на јужната граница
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои ги извршуваат своите работни задачи на јужната граница во поддршка на Министерството за внатрешни работи на караулата „Богородица“ – Гевгелија и во сместувачкиот капацитет во
-
Македонија 18.05.2022 12:39
Пендаровски испрати писмо до Вартоломеј, очекува конечно решавање на административниот статус на нашата црква
Претседателот Пендаровски му испрати писмо на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Во него, шефот на државава оценува дека со примањето на нашата црква во канонско единство е исправена историската неправда нанесена врз црквата и нејзините верници.
-
Македонија 18.05.2022 12:26
Претседателот Пендаровски во посета на МРТ
Претседателот на државата Стево Пендаровски во посета на Македонската Радио Телевизија на средба со менаџерскиот тим и со вработените.
На состанокот со директорот Марјан Цветковски се разговарало за предизвиците со кои се соочува јавниот сервис и за процесот на дигитализација.
-
Македонија 18.05.2022 12:16
ЕП ќе расправа за најновиот извештај за напредокот на земјава
Европскиот парламент попладнево ќе расправа за најновиот извештај за напредокот на земјава. Во него е забележано дека продолжуваат напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, иако овие области и натаму остануваат главни предизвици.








