Во првите 100 дена од работењето на Владата, нагласи премиерот Ковачевски на тематската седница, подготвено се соочивме и со енергетската криза и со одговорни и сеопфатни решенија обезбедивме заштита за граѓаните од поскапувањата предизвикани од глобалната енергетска криза.
-
Македонија 26.04.2022 13:37
-
Македонија 26.04.2022 13:19
Тренчевска се надева дека штрајкот ќе заврши
Денеска ќе се знае дали штрајкот целосно ќе прекине, и дали учениците од утре ќе се вратат на настава. Министерката Тренчевска се надева дека образовниот и згрижувачкиот процес ќе продолжат нормално.
-
Македонија 26.04.2022 13:14
СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот
СОНК на консултации со членството за понудата од 12 проценти повисоки плати. Раководството на СОНК и на Владата, по две недели штрајк, начелно ги усогласи ставовите. Ако членството се согласи, ќе има промена и во колективниот договор за скалесто покачување.
-
Македонија 26.04.2022 12:48
Османи: Унијата да не чека нова војна за да ја придвижи евроинтеграцијата
Ситуацијата со почетокот на преговори со ЕУ е непроменета. Сè уште чекаме да почнеме преговори, истакна министерот за надворешни Османи на форумот ЕУ-Балкан во Софија.
-
Македонија 26.04.2022 12:22
Ковачевски: Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење
Тематска седница посветена на остварувањата и достигнувањата на Владата и министерствата во првите 100 дена од работењето.
-
Македонија 26.04.2022 12:09
Осомничено лице за загрозување на сигурноста на британската амбасадорка во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои ос новано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 26.04.2022 12:06
Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
За време на летниот период кога поголемиот дел од нашата кожа е изложен на надворешни влијанија, неопходно е потребно интензивно и секојдневно да ја негуваме, хидрираме и заштитуваме нашата кожа. Тема во рубриката Мое здравје- Како да се однесуваме кон бемките и како да ги заштитиме во лето.
-
Македонија 26.04.2022 11:59
Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги
Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги. Бараат поголеми плати. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро.
-
Македонија 26.04.2022 11:29
Обвинителството изврши увид на местото на инцидент со огнено оружје во Чаир
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени.
-
Македонија 26.04.2022 11:15
Престрелка пред чајџилница во Чаир, убиено едно лице
Едно лице е убиено во синоќешната престрелка пред чајџилница во Чаир. Од МВР информираат дека синоќа околу 22 часот било пријавено дека две лица пукале со автоматско оружје на ул. „Браќа Реџепагиќ“.









