По дводневна битка локализиран пожарот над туристичката населба Елен Камен во Струга. Пожарникарите денес успеаја да интервенираат и да ги стават пламените под контрола.
-
Македонија 23.04.2022 17:31
-
Македонија 23.04.2022 17:15
Паднаа делови од фасадата на зградата на Владата
Паднаа делови од фасадата на зградата на македонската Влада. Најголема штета има на ѕидот на еден од објектите, кај украсните елементи. Неколку парчиња од гипс и стиропор завршија на тревникот.
Фасадата на Владата беше променета во време кога се реализираше проектот „Скопје 2014-та“.
-
Македонија 23.04.2022 14:40
Почнува чествувањето на Велигден
Велика Сабота, ден меѓу смртта и воскресението. Православните храмови ги отворија вратите за верниците со богослужба на Света Василева литургија. Почна чествувањето на еден од најголемите христијански празници, Велигден. Верниците се помолија за здравје и среќа.
-
Македонија 23.04.2022 13:02
Петков: Не треба да го подигнеме ветото, туку да го поместиме
Нема договор за повлекување на ветото во јуни и ништо нема да се прави без широка дебата и гласање во Парламентот, порачува бугарскиот премиер.
-
Македонија 23.04.2022 10:39
Се полнат капацитетите во Крушево за празниците
Околу 3.000 гости и посетители очекува Крушево за празниците. Понудата се проширува и за мајските празници како подготовка за периодот за алтернативни спортови и меѓународни натпреварувања. Охрабрување е богатата зимска сезона.
-
Македонија 23.04.2022 10:07
Пожарот над струшки Елен Камен сè уште активен
Големиот пожар што вчера попладне избувна во шумата над струшки Елен Камен, над патот за Радожда, е сè уште активен. Очевидци велат дека огнот многу бргу се ширел поради силниот ветер. На терен се пожарникарите.
-
Македонија 23.04.2022 10:03
Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението
Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник- Велигден.
-
Македонија 22.04.2022 17:31
Маричиќ: Европската Зелена агенда значи зелена транзиција на нашата земја
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод Светскиот ден на планетата Земја, на својот „Фејсбук“ профил напиша дека Зелената агенда претставува зелена иднина и иднина на просперитет и дека сега е време да се искористи политичката волја за европските реф
-
Македонија 22.04.2022 16:56
99 нови случаи со Ковид-19, починати пет лица
Во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1.
-
Македонија 22.04.2022 13:43
Велешани повторно го користат возот како превозно средство
Велешани се вратија на користење на железничкиот сообраќај, откако цената на билетите во автобусите скокнаа. Информација ја потврдија и од Железничка станица Велес.








