Официјален Париз со јасни пораки за поддршка на македонските евроинтеграции, од наша страна пак подготвеност за старт на преговорите.
-
Македонија 03.02.2022 12:39
-
Македонија 03.02.2022 12:17
Захариева: Фокусот на Македонија не е да почне преговори со ЕУ, туку бугарските барања да не влезат во преговарачката рамка.
Во интерес на Бугарија е Македонија да се реформира, а договорот за добрососедство, да стане дел од преговарачката рамка, вели ексминистерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
-
Македонија 03.02.2022 11:42
Рашковски и Вељаноски излегуваат од притвор
Апелацискиот суд ги прифати гаранциите и ги укина домашните притвори за поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски и екс-претседателот на собранието Трајко Вељаноски. Рашковски понудил 193 илјади евра а Вељаноски 210 за да се бранат од слобода.
-
Македонија 03.02.2022 11:32
Столтенберг: Ние сме посветени да најдеме политичко решение за кризата, но мора да бидеме подготвени за најлошото
Сојузниците стојат заедно и се бранат меѓусебно, порачаа генералниот секретар на НАТО Столтенберг и премиерот Ковачевски по средбата во Брисел.
-
Македонија 03.02.2022 09:25
СДСМ: До 2023 година намалување на персоналниот данок во ИТ од 10 на 0 проценти, поддршката за домашната економија продолжува
Владата предводена од СДСМ во континуитет презема конкретни мерки кои значат поттик на младите, но и идните претприемачи да се ориентираат кон ИТ секторот.
-
Македонија 03.02.2022 09:16
ВМРО-ДПМНЕ:Во Влада, во затворен простор не носат маски, Ковачевски треба да понесе одговорност за кршење протоколи и прописи
Владата на Ковачевски ги крши здравствените протоколи и го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Во влада не се носат маски, иако тоа е пропишано за секој граѓанин и за секој затворен простор. Лицемерите од СДСМ се водат по правилото слушај ме што зборам, а не ме гледај што правам.
-
Македонија 03.02.2022 09:07
Ковачевски во дводневна работна посета на Брисел
Премиерот Ковачевски денеска е во прва работна посета на НАТО и ЕУ во Брисел. Во седиштето на алијансата во Брисел имаше средба со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, при што биле разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици.
-
Македонија 03.02.2022 08:57
247 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 59 за недавање предност на пешаци, 64 за преголема брзина
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 03.02.2022 07:59
ИПАРД 3 тежи 97 милиони евра
Од ИПАРД 2, ќе бидат, искористени сите расположливи средства, очекуваат од Министерството за земјоделство. Вкупниот буџет е 60 милиони евра кои безмалку се целосно распределени за инвестиции во македонскиот аграр и производството на храна.
-
Македонија 02.02.2022 15:06
Балоски: Вакцините ја изгубија силата во однос на заразувањето, но штитат од компликации
Граѓаните да не го потценуваат Ковид – 19, оние што вирусот го поминале лесно, можат да завршат во болница лекувајќи ги последиците што короната ги предзвикала. Белите дробови, срцето, мозокот, црниот дроб, панкреасот, бубрезите, се органите кои може да имаат сериозни оштетувања.









