Намалување од осум отсто на бројот на новозаразени со Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.
-
Македонија 21.12.2021 10:41
-
Македонија 21.12.2021 10:09
Голема полициска акција во Куманово, опколена куќа во „Диво Насеље“
Во кумановскo „Диво Насеље“, специјална полициска единица спроведува голема акција. Неофицијално, медиумите пренесуваат дека се работи за акција за спречување на трговија со наркотици.
МВР најави подетални информации во текот на денот.
-
Македонија 21.12.2021 09:57
Повик за финансирање на рибарството
Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите кои се регистрирани за оваа дејност и кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници.
-
Македонија 21.12.2021 09:44
МВР: 105 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 21.12.2021 09:36
Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп во посета на земјава
Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп денеска е во посета на земјава.
-
Македонија 21.12.2021 09:31
Активни 5.377 ковид- случаи во земјава, нема најави за нови мерки
Во државава се активни 5.377 ковид- случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 221.411, а починале 7.825. Од новозаразени 127, најмногу има во Скопје 90, по што следува Охрид со девет, Битола и Штип по шест.
-
Македонија 21.12.2021 09:13
„Отворен Балкан“: Во Тирана средба на Заев, Вучиќ и Рама, ќе се потпишат договори за регионална соработка
Премиерот Заев, заедно со српскиот претседател Вучиќ и нивниот домаќин, албанскиот премиер Рама, денеска го почнуваат официјалниот дел на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што овој пат се одржува во Тирана. Ќе бидат потпишани неколку билатерални и трилатерални договори.
-
Македонија 20.12.2021 17:06
Работничките права се губат во лавиринтот на институциите
Потребна е поефикасна комуникација на трудовите инспектори и Државната комисија за одлучување во втор степен, како би имало квалитетна заштина на работничките права. Ова е заклучок од теренското истражување на „Гласен текстилец“.
-
Македонија 20.12.2021 16:45
По реакциите во јавноста, повлечена предлог- листата за помилување
Министерството за правда ја повлече предлог-листата за помилување откако јавноста реагираше поради дел од имињата коишто се најдоа на неа.
-
Македонија 20.12.2021 16:24
На аукција се продава АД Славија, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нова афера
Со почетна цена од 218.535 евра на аукција се продава АД Славија.










