Секој час, секој момент, секое слободно време да ја подигнуваме свеста за борба против говорот на омраза.
-
Македонија 20.12.2021 15:36
-
Македонија 20.12.2021 15:11
По Шекеринска и Филипче, се повлекува и Царовска
По Министрите за здравство, Филипче, и за одбрана Шекеринска, повлекување од функцијата во Владата најави и министерката за образование, Мила Царовска.
-
Македонија 20.12.2021 15:08
Промовирана Рамката за развој „МКД2030“ како иницијатива на претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на Рамката за развој „МКД2030“, што претставува стратешки документ кој се изготвува на негова иницијатива.
-
Македонија 20.12.2021 14:49
Повторно проблеми со водоснабдувањето во Тетово
Тетовци жедни покрај Шара и со два водоводи. Веќе четврти ден граѓаните полнат резерви во шишиња и буриња. Во некои населби, од чешмите не протекува вода во текот на целиот ден.
-
Македонија 20.12.2021 14:39
Нови 127 случаи со Ковид-19, починати шест лица
Во последните 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.
-
Македонија 20.12.2021 14:30
Недостиг на квалификуван кадар во земјоделството
Недостигот на квалификуван кадар се чувствува во земјоделскиот сектор. Малиот број студенти на земјоделските науки треба да биде аларм, вели деканот Танасковиќ. Посочува дека потребни се итни мерки за да се поттикне интересот за оваа струка.
-
Македонија 20.12.2021 14:03
Пратениците го изгласаа законското решение недела да биде ден за одмор
Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој недела станува ден на неделен одмор.
-
Македонија 20.12.2021 13:16
Повлечен списокот за помилување на затвореници
Најавата за помилување или намалување на казните на осуденици, ја крена јавноста на нозе. Министерот за правда не дава никаков предлог за помилување.
-
Македонија 20.12.2021 12:53
Мицотакис: Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со Македонија и Албанија
Грција поддржува старт на преговорите на Mакедонија и Aлбанија со ЕУ. Очекува исполнување на критериумите, меѓу кои е и добрососедството, но и поддршка од Бугарија.
-
Македонија 20.12.2021 12:45
Радев ќе го свика Советот за национална безбедност во јануари – главна тема Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев во првата половина на јануари ќе го свика консултативниот совет за национална безбедност. Главна тема ќе биде Македонија.










