Димитар Ковачевски е новиот, петти по ред претседател на СДСМ. Тој на вонредните внатрепартиски избори, на директното тајно гласање освои најмногу гласови од членовите. Според Централната изборна комисија на СДСМ, Ковачевски доби 37.649 гласови од членството.
-
Македонија 12.12.2021 22:45
-
Македонија 12.12.2021 19:33
ВМРО-ДПМНЕ со нова доктрина, Мицкоски реизбран
„Поминавме четири години за внатрепартиска трансформација, следуваат реформи за да ја вратиме државата на победнички патеки“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на редовниот конгрес на партијата. Со 489 гласови „за“ е резибран за претседател на ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 12.12.2021 17:36
Кочани со најзагаден воздух во источниот регион
Пред една година жителите на Кочани протестираа против загадувањето на воздухот од фабриката за рециклирање на хартија. Надлежните и наложија на фабриката Пејпер мил да вгради специјален филтер во фабричкиот оџак.
-
Македонија 12.12.2021 17:26
Никако да профункционира јавниот превоз во Тетово
Наместо по булевари и улици, градските автобуси паркирани. Новата локална самоуправа реши да го стави во мирување јавниот превоз.
-
Македонија 12.12.2021 17:19
308 нови случаи со Ковид-19, починати осум лица
Во последните 24 часа направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на Ковид-19, во Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4
-
Македонија 12.12.2021 17:12
Поголем дел од селата во струшко и Дебaрца втор ден без струја
Поголемиот дел од струшките села на планинскиот потег на Јабланица, Дримкол, Малесија, Галичник и општина Дебрца втор ден се без електрична енергија. Сѐ уште се санираат дефектите на далекуводите на МЕПСО и мрежата на ЕВН, предизвикани од снежното невреме кое го зафати регионот вчера.
-
Македонија 12.12.2021 17:02
Внатрепартски избори за нов лидер на СДСМ
СДСМ на вонредни избори за нов претседател на партијата. На ливчето, тројца кандидати за наследник на Зоран Заев - Димитар Ковачевски, Фросина Ташевска - Ременски и Јован Деспотовски. Со право на глас се повеќе од 50 илјади членови на СДСМ, кои имаат електронска членска картичка.
-
Македонија 10.12.2021 17:11
Димитров- Лирман: Германија останува посветена на старт на пристапните преговори на Македонија
Вицепремиерот Димитров прв гостин на новата државна министерка за Европа, Ана Лирман. Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа којашто вие ја живеете, тоа е задача на нашата генерација.
-
Македонија 10.12.2021 15:57
Армиски офицери се вклучуваат во командната структура на НАТО
Првите македонски штабни офицери распоредени во командите на НАТО. Тројца се во Монс, еден е во Брисел. Заедно со првиот веќе заминат во Измир, Турција ќе ги пополни офицерските места кои ни се доделени во командната структура. Заминуваат потковани со знаење и искуства.
-
Македонија 10.12.2021 15:44
Жители на седум струшки села го блокираа патот Струга- Ќафасан
Блокади на патот Струга - Ќафасан. Жителите од селата Радолишта, Теферич, Франгово, Фиеришта, Шум, Заграчани и Калишта денеска го блокираа магистралниот пат, во знак на револт поради катастрофалната состојба на делницата.








