Антикорупциската комисија ги повика новоизбраните фукнционери во рок од 30 денови да ја пријават имотната состојба, да внимаваат на судирот на интересите и во своето работење да не се водат од лични, семејни, партиски или етнички интереси ниту да потклекнуваат на притисоци и ветувања, рече претсе
-
Македонија 02.11.2021 14:24
-
Македонија 02.11.2021 14:14
Втора недела скрининг во училиштата
Во тек е втората недела од корона-скринингот во училиштата. Според здравствените власти предвидено е 8.200 ученици да бидат тестирани. Со денешната проверка беа опфатени учениците од Батинци, Студеничани, Зелениково и Сопиште.
-
Македонија 02.11.2021 13:36
Независниот синдикат бара повисоки плати за пожарникарите, нова заштитна опрема и возила
Големите пожари летово на виделина ги извадија проблемите во противпожарната заштита во државата, вели првиот човек на Независниот синдикат на пожарникарите. Наместо законски предвидените 1.400, во моментот државата од пожари ја штитат 850 пожарникари, слабо платени, со стара опрема возила.
-
Македонија 02.11.2021 13:08
Здравствени работници без пари и договор за работа
Шестнаесет здравствени работници, медицински сестри и болничари, повеќе од девет месеци не добиваат ниту пари, ниту имаат некаков договор за работа, а најмалку здравствено осигурување.
-
Македонија 02.11.2021 12:54
Заврши гасификацијата на струмичката болница
Заврши гасификацијата на струмичката болница, откако во јуни беше поставена и котларницата, а сега веќе тече компресираниот гас кој го користи јавното претпријатие „Струмица гас“.
-
Македонија 02.11.2021 12:42
Новинарите на протест: Правдата за 27-ми април е селективна
Дел од насилниците од 27-ми април добија амнестија, во име на бескрајните политички договори, а некои не се ниту идентификувани. Дел од политичарите добија судска сатисфакција. Новинарите повторно добија уште една порака.
-
Македонија 02.11.2021 12:23
ВМРО-ДПМНЕ: Заев блефира за оставката
Оставката што ја најави Зоран Заев од премиерската позиција сѐ уште не е доставена официјално до Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев блефира. Велат дека социјалдемократите не си стојат на зборот и повторно ги потценуваат граѓаните.
-
Македонија 02.11.2021 11:36
МНР: Општините и советниците да го применуваат усавното име на државата
Во врска со последните случувања на конститутивните седници на Советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Зако
-
Македонија 02.11.2021 11:01
ДИК: До 10 часот пристигнати седум приговори
Заклучно со 10 часот изутрината до Државната изборна комисија се поднесени седум приговори во однос на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во седум избирачки места во општината Старо Негоричане. Сите приговори, велат од ДИК, се од политичката партија ТМРО.
-
Македонија 02.11.2021 10:46
Кабинетот на претседателот и Интернационалната фондација за изборни системи потпишаа Меморандум за соработка
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и Интернационалната фондација за изборни системи денеска потпишаа Меморандум за соработка.









