Сите капацитети на институциите се насочени статистичката операција „Попис 2021“ да заврши во предвидениот рок, велат од Владата. Оттаму информираат дека се прават финалните подготовки, се затвораат пописните кругови, се проверуваат домаќинствата кои досега не биле посетени.
-
Македонија 29.09.2021 13:54
-
Македонија 29.09.2021 13:32
ДКСК: Партиите без исклучок ги заобиколуваат законските прописи
Отсуство на интегритет на политичарите во изборниот процес. Антикорупциската комисија утврдила дека партиите без исклучок ги заобиколувале законските прописи уште пред стартот на кампањата со низа активности на терен.
-
Македонија 29.09.2021 13:14
Еврокомесарот Вархеји на средби со државниот врв
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пристигна во земјава. Со премиерот Заев разговара за напредокот на процесот на евроинтеграција и поточно како да се надмине блокадата од Бугарија за официјален почеток на пристапните преговори.
-
Македонија 29.09.2021 12:41
Протестна нота од Бугарија за оштетен споменик во прилепско
Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада, Владимир Крстевски поради наводно утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МВР.
-
Македонија 29.09.2021 12:24
Маричиќ: Целта е пописот да заврши во предвидениот рок
Целта е пописот да заврши во предвидениот рок, и од проценките на Државниот завод за статистика ќе зависи носењето на понатамошните одлуки, изјави министерот за правда Маричиќ.
-
Македонија 29.09.2021 12:03
До петок облачно со повремен дожд
До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира УХМР.
Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2.
-
Македонија 29.09.2021 11:29
Кардиологија: Работиме со целосен капацитет, пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето
Универзитетската клиника за кардиологија соопшти дека секогаш е достапна за своите пациенти и ги охрабрува да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави.
-
Македонија 29.09.2021 11:18
Кривична пријава против лажен геометар од Скопје
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје.
-
Македонија 29.09.2021 10:52
Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората
Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.
-
Македонија 29.09.2021 10:23
За брзо возење 661 санкција на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач.








