Претседателката на Eвропската комисија, Урсула фон дер Лајен на турнеја низ Западниот Балкан со цел да се увери во европската перспектива на земјите од регионот. Турнејата ја почна од Албанија и Северна Македонија кои сѐ уште чекаат за официјален почеток на пристапните преговори со Унијата.
-
Македонија 28.09.2021 15:13
-
Македонија 28.09.2021 14:38
Џафери: Пречка за нормално функционирање на законодавниот дом се комисиите
Нема пречка да се свика итна седница за продолжување на пописот, доколку партиите постигнат консензус, појаснува спикерот Џафери. Посочи дека тоа е можно, пред да истече рокот- 30 септември. Алармот беше вклучен по хакерските напади, за што беа изгубени неколку дена.
-
Македонија 28.09.2021 14:09
Фон дер Лајен од Тирана: Поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Македонја со ЕУ
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ.
-
Македонија 28.09.2021 13:41
Заев-Џаферовиќ: Македонија и БиХ имаат заедничко минато и определба за заедничка иднина
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими делегацијата на Претседателството на Босна и Херцеговина којашто во еднодневна работна посета на нашата земја ја предводи членот на претседателството Шефик Џаферовиќ.
-
Македонија 28.09.2021 12:56
Можна итна седница за рокот за попис
Спикерот Џафери најавува можно свикување итна собраниска седница за продолжување на рокот за спроведување на пописот. За теренската операција преостануваат уште два дена.
-
Македонија 28.09.2021 12:34
Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата
Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.
-
Македонија 28.09.2021 12:21
Фрчковски предложен за амбасадор во Обединетите нации
Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, професорот по меѓународно право, Љубомир Фрчкоски е предложен за македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
-
Македонија 28.09.2021 11:41
Ахмети: Имаме понуда која ќе биде од корист на сите граѓани
Имаме понуда која ќе биде од корист на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, посочи лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот од Гостивар.
-
Македонија 28.09.2021 11:35
Мицкоски: Гарантираме проекти кои од Македонија ќе направат успешна приказна
ВМРО- ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид. Коалицијата за обнова на Македoнија синоќа на Античкиот театар ги претстави 62 кандидати за градоначалници на седмите по ред локални избори во земјава.
-
Македонија 28.09.2021 11:24
Заев: „Најдоброто“ носи јасна идеја и план за развојот на секој град
Четири години поставуваме стандарди на одговорно и отчетно управување со државата. Ја развиваме на меѓународен, а општините на домашен план. Го унапредуваме квалитетот на живот,расте животниот стандард. Државата заедно ја поставивме во вистински правец.









