Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.
-
Македонија 27.09.2021 16:37
-
Македонија 27.09.2021 16:26
СДСМ традиционално ја стартува кампањата од Битола
Карванот на СДСМ и коалицијата под мотото „Најдоброто за мојата општина“ стартуваше со поединечни презентации на програмите на кандидатите за градоначалници во Скопје, Прилеп и Охрид.
-
Македонија 27.09.2021 16:11
ВМРО-ДПМНЕ почна со претставување на кандидатите, централниот митинг вечерва е во Охрид
Имаме политичка програма со 7 клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум Аеродром ќе биде поинаква општина, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој влезе во трката за градоначалник на оваа скопска општина.Муцунски ветува посве
-
Македонија 27.09.2021 15:44
ДУИ од Гостивар ја почнува кампањата
Демокатската унија за интеграција од Гостивар ја почнува кампањата за локалните избори.
-
Македонија 27.09.2021 15:18
Милевски: Време е за одлучност, Битола мора да се развива
Време е за одлучност, Битола мора да се развива. Петте постулати на кои се потпира нашата изборна програма нудат таква визија, рече кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“, Горан Милевски. Мора да имаме ефикасна и модерна администрација, граѓаните не смеат да чекаат.
-
Македонија 27.09.2021 14:59
Почна трката за локалните избори
Близу 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје во официјална трка за локални чиновници. До изборите закажани на 17-ти октомври, ќе имаат време да ги убедат граѓаните дека токму тие би требало да бидат нивниот избор.
-
Македонија 27.09.2021 14:19
Државата, идентитетот и јазикот ќе опстојат, иако политичките околности не ни се наклонети
Претрпеле вековни господари и империи, но останало живо македонското духовно и материјално наследство, поради отпорот што Македонецот го давал секаде каде живеел, порача од МАНУ претседателот на институцијата Коцарев.
-
Македонија 27.09.2021 13:43
Почна вакцинацијата со трета доза „Фајзер“
Граѓаните над 60 години, здравствените работници, хронично болните, ќе може да се вакцинираат со трета доза „Фајзер“, како заштита од Ковид-19. Услов е да поминат шест месеци од ревакцината.
-
Македонија 27.09.2021 12:43
Пристигнува нова пратка на фингерпринт апаратите
Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава. Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.
-
Македонија 27.09.2021 12:33
Вархеји в среда доаѓа во Скопје
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда доаѓа во Скопје. Програмата на посетата сѐ уште се финализира, но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.










