Почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 27.09.2021 12:10
-
Македонија 27.09.2021 11:47
Урсула фон дер Лајен утре во посета на Македонија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на земјава. Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.
-
Македонија 27.09.2021 10:53
Бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право на граѓаните за локалните избори
Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800- 54- 321 за пријавување на повреда на избирачкото право при одвивањето на локалните избори.
Оваа линија функционира за време на кампањата, како и за време на двата изборни кругови.
-
Македонија 27.09.2021 10:49
Слаб интерес за вакцинација во Липково
Слаб е интересот за вакцинација во општина Липково, информираат од Здравствениот дом. Во оваа општина веќе една седмица функционира вакцинален пункт, кој е сместен во спортската сала на основното училиште „Дитуриа“. Од тогаш се вакцинирани само 100 лица.
-
Македонија 27.09.2021 10:08
Невообичаено високите температури поволни за лозарите, градинарите и овоштарите
Уште една седмица продолжение на сушата, без нови врнежи, но со драстичен пад на утринските температури кои на крајот на минатата недела во Беровскиот регион се спушија до нулата, што го навести доаѓањето на есента.
-
Македонија 27.09.2021 09:55
Досега попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови
Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 198.589 граѓани од дијаспората.
-
Македонија 27.09.2021 09:47
МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 27.09.2021 09:32
Османи оствари телефонски разговор со Пандор
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерката за меѓународни односи и соработка на Јужноафриканската Република, Наледи Пандор, соопштува МНР.
-
Македонија 27.09.2021 09:24
Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствени работници и хронично болни
Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста.
-
Македонија 27.09.2021 09:17
Стартува кампањата за локалните избори
Почнува изборната кампања за седмите по ред локални избори. Социјалдемократите стартуваат од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Беса од Скопје.










