Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, како и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 10.06.2021 09:09
-
Македонија 09.06.2021 17:42
Бајден со извршна одлука, Брисел неутрален за ставот на Вашингтон
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за замрзнување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Преспанскиот и Охридскиот Рамковен договор, нивното спроведување и ги поткoпуваат мирот и стабилноста на Западниот Балкан.
-
Македонија 09.06.2021 17:15
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести
ВМРО-ДПМНЕ втор ден одржува протести и ги блокира клучните раскрсници во Скопје, а блокира и во уште други девет градови низ земјава. Од протестите порачаа дека мора да биде јавно објавен документот со кој се преговара со владата во Софија.
-
Македонија 09.06.2021 17:06
Наскоро одлука како ќе се спроведува идната учебна година
Инвестициите што сега ги правиме во образованието и можностите за зајакнување на буџетите на основните училишта, дава за можност да се усогласат потребите коишто ги имаат наставниците и учениците преку инфраструктурните инвестициски зафати, вели министерката Царовска.
-
Македонија 09.06.2021 16:54
Трудовиот инспекторат со увид, СОНК не отстапува
Нема законска основа за исплата на надолмест за прекувремена работа за наставниците кои работеа со физичко присуство во две групи зашто не се надминала неделата од 40 работни часа, констатира трудовиот инспекторат по увидот во прилепските основни училиште.
-
Македонија 09.06.2021 14:59
Заев: Декретот на Бајден- потврда за вредностите за кои се залага владата
Власта и опозицијата со свои ставови за декретот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан преку кој со санкции е опфатена и земјава доколку не се почитуваат Охридскиот и Преспанскиот договор.
-
Македонија 09.06.2021 14:44
28 нови случаи со Ковид-19, починати пет лица
Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп - 1. Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.
-
Македонија 09.06.2021 14:03
Се отстрануваат платформите долж брегот на Охридското Езерото
Градежна механизација и екипи ангажирани од општина Охрид утрото започнаа со активности за отстранување на платформите на плажите лоцирани на потегот Студенчишки канал-Горица, кои се опфатени со Генералниот урбанистички план.
-
Македонија 09.06.2021 13:56
Обвинение заради непочитување на здравствените прописи
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице – државјанин на Република Србија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик.
-
Македонија 09.06.2021 13:18
Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ - донација од Турција
Пристигнаа 30 илјади кинески вакцини од производителот „Синовак“, донација од Турција- објави министерот Филипче.










