Граѓански активисти и поранешни концесионери на плажите обвинуваат дека уривањето на објектите долж охридското крајбрежје на потегот од Хотелот „Метропол“ до селото Пештани се врши селективно. Особено се револтирани сопствениците на помали хотели кои плажите ги користеле повеќе децении.
-
Македонија 18.05.2021 17:17
-
Македонија 18.05.2021 17:11
Состојбата со Ковид-19 се смирува, притисокот врз болниците значително намален
По многуте дежурства и поминати месеци во одделите на првиот формиран регионален ковид- центар, најголем дел од лекарите специјалисти и останатиот персонал се враќаат во своите матични одделенија.
-
Македонија 18.05.2021 17:06
Во Центарот за белодробни заболувања во Отешево ќе се рехабилитираат постковид пациенти
Пациентите кои го прележале коронавирусот, а се соочуваат со постковид компликации и имаат потешкотии со дишењето и движењето, ќе имаат можност да одат на рехабилитација во Центарот за белодробни заболувања во Отешево.
-
Македонија 18.05.2021 16:54
Пендаровски: Ќе биде трагично ако евроинтеграцијата на регионот биде попречена
Европските интеграции нудат долгорочна перспектива за регионот и ќе биде трагично ако тие интеграции бидат попречени, не толку од ЕУ колку од самите нас во регионот преку анахрони историски интерпретации, оцени претседателот Пендаровски обраќајќи се на Регионалната школа за безбедност.
-
Македонија 18.05.2021 16:43
Во Владата оптимизам дека може да се најде решение за спорот со Бугарија
Сите земји- членки може да ни помогнат во решавање на спорот, но најприродна е помошта од нашите соседи, и од Грција и од Бугарија, зашто тие ќе имаат исто така корист од тоа, смета вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-
Македонија 18.05.2021 16:37
Средината во која работи Еуроникел Индустри е чиста
Во врска со информациите пласирани во јавноста на емисијата со наслов „Заговор против воздухот“, со цел точно и аргументирано информирање на граѓаните, информираме дека Еуроникел Индустри е носител на А-интегрирана еколошка дозвола.
-
Македонија 18.05.2021 16:25
Протеран руски дипломат
Руски дипломат е прогласен за персона нон грата и треба да ја напушти Македонија.
-
Македонија 18.05.2021 15:15
Анѓушев ги отфрла наводите во емисијата „Редакција“
Генералниот директор на „Брако“ Велес, проф. д-р Кочо Анѓушев, како тенденциозни и невистинити ги отфрла наводите изнесени во емисијата „Редакција – Заговор против воздухот, Епизода 1, ИРЛ“, емитувана на МРТВ Програма 1, на 16.05.2021 година.
-
Македонија 18.05.2021 10:51
Во Брисел средба на Борел со лидерите на земјите од Западен Балкан
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел попладнево во Брисел на работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.
-
Македонија 18.05.2021 10:21
Пристигнаа уште 9.360 дози од вакцината на „Фајзер“
Уште 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“ пристигнеле вчера во земјава, соопшти Министерството за здравство. Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19.









