Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција.
-
Македонија 28.04.2021 16:32
-
Македонија 28.04.2021 16:08
Пендаровски- Столтенберг: Шпекулациите за менување на границите водат кон нестабилност
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, воздржан во коментарите. Според него, станува збор за шпекулации кои не придонесуваат за стабилност на регионот.
-
Македонија 28.04.2021 15:29
20 години од масакрот кај тетовското село Вејце
Одбележани 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце, кога осум припадници на безбедносните служби ги загубија животите, откако во заседа беа нападнати, а нивните тела масакрирани и запалени на планинскиот пат.
-
Македонија 28.04.2021 15:23
Товарен воз се излизга во Кумановско Романовце
Вагони на товарен воз на јавното претпријатие за железничка инфраструктура, што сообраќал од Трубарево кон Куманово и превезувал камен, се излизгале утринава во кумановско Романовце. Повредени во несреќата нема, но е причинета значајна материјална штета.
-
Македонија 28.04.2021 14:58
Учениците ја бојкотираа наставата, група граѓани со потписи против дигитализацијата
Да запре постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование побара неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Тие почнаа со собирање потписи за да се законот да влезе во Собранието.
-
Македонија 28.04.2021 14:43
Шекеринска на видео врска со медицинскиот тим во Авганистан
Министерката Радмила Шекеринска денес имаше разговор преку видео врска со нашиот медицински тим во Авганистан кој работи во состав на норвешкиот медицински контингент како дел од мисијата „Одлучна поддршка“.
-
Македонија 28.04.2021 14:38
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со оружје и дрога
Министерството за внатрешни работи денес (28.04.2021) сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
-
Македонија 28.04.2021 14:36
Различни ставови за нови пратенички групи во законодавниот дом
Секој со своите политички размислувања во Собранието на кое му фали сосем малку повторно да е блокирано. Спорот повторно е меѓу ВМРО – ДПМНЕ и спикерот Џафери.
-
Македонија 28.04.2021 14:09
Годишен извештај на омбудсманот: Има проблеми со онлајн наставата
Собранието е меѓу институциите од кои народниот правобранител не е задоволен.
-
Македонија 28.04.2021 13:49
Битолската градоначалничка бара дозвола за градба- „Плодност“ укажува на грешки во администрацијата
Ако пред недела дена првиот човек на општината порача дека кога се гради, се гради само со издадена градежна дозвола, сопственикот на „Плодност“ денес прашува во која правна држава за грешките на администрацијата треба да страда инвеститорот.









