Бранот стивнува, имаме сѐ помал број на новодијагностицирани. Се намлува и притисокот врз болниците. Се враќаат во функција и дел од хируршките одделенија. Министерот Филипче апелира, граѓаните и натаму да ги почитуваат мерките. До први мај, стигнуваат и вакцините од Кина.
-
Македонија 27.04.2021 12:38
-
Македонија 27.04.2021 12:31
Заев ставот за Пауновски ќе го каже на владина седница
Дали ќе предложи разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, премиерот Заев одлуката ќе ја донесе откако ќе ги разгледа материјалите доставени од тројцата инспектори, со кои изутринава остварил средба во Владата.
-
Македонија 27.04.2021 12:22
Повторно пеплосан еден хектар езерска трска во струшко Калишта
Повторно опожарена голема површина на трска во струшко. Пожарот е предизвикан вчера попладне од непозанати сторители на локалитетот Калишко поле, при што изгоре еден хектар езерска трска. Во десеттина денови ова е втор голем пожар, каде што интервенираше противпожарната единица.
-
Македонија 27.04.2021 12:13
Две лица во Скопје обвинети дека го прекршиле полицискиот час
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, на возраст од 20 и 48 години, заради непочитување на полицискиот час.
-
Македонија 27.04.2021 11:37
Вархеји повика на заеднички прифатливо решение меѓу Македонија и Бугарија
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој утрово се сретна со македонскиот претседател Стево Пендаровски, се огласи кусо преку својот „Твитер“ профил по состанокот.
-
Македонија 27.04.2021 11:31
МОН не се откажува од носење на нов закон за учебници
Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација.
-
Македонија 27.04.2021 11:06
Новоизбраните обвинители во Вишото јавно обвинителство дадоа заклетва
Новоизбраните јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева денеска дадоа заклетва пред членовите на Советот на јавните обвинители.
-
Македонија 27.04.2021 10:29
Пендаровски на средби со Вархеји и Лајчак
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средби со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји и со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак,
-
Македонија 27.04.2021 10:18
41 прекршување на забраната за движење, 451 санкција за неносење маска
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.
-
Македонија 27.04.2021 09:56
Денот на трудот – 1 Мај неработен за сите граѓани
Денот на трудот – 1 Мај 2021 година (сабота) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на сите граѓани во државава им го честитаат Денот на трудот.








