Во текот на изминатото деноноќие (13/14.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 626 прекршоци.
-
Македонија 14.12.2020 11:26
-
Македонија 14.12.2020 10:56
Николов и Јаоски официјално нови градоначалници на Штип и Пласница
Сашко Николов и Алија Јаоски и официјално се новите градоначалници на Штип и Пласница, со мандат од девет месеци, сѐ до редовните локални избори во 2021 година.
-
Македонија 14.12.2020 10:39
613 случаи со Ковид-19 во последното деноноќие, починати 25 лица
Според последната статистика на Министерството за здравство се направени 1.837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Починаа 25 лица на возраст од 47 до 87 години. Институтот за јавно здравје бележи 688 оздравени пациенти.
-
Македонија 14.12.2020 10:25
Предлог- законот за попис пред пратениците
Собранието денеска треба да ја одржи 25-тата седница. На дневен ред е Предлог-закон за попис на населението со европско знаменце. Пописот треба да започне на први април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.
-
Македонија 14.12.2020 10:12
Нови мерки за празниците: Работно време на рестораните до 18 часот, забрана на собири и прослави
Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18-ти декември до 21-ви јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид- 19 во престојниот период на празници, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 13.12.2020 22:45
Избори во Штип и Пласница: Николов и Јаоски нови градоначалници
Во Штип се пребројуваат, во Пласница пребројани резултатите од локалните избори.
-
Македонија 13.12.2020 16:42
Гласањето генерално се одвива непречено
Гласањето за избор на градоначалник во Штип главно тече без пречки. Освен една пријава во СВР Штип за гласање на две лица со решение за изолација, во Општинската изборна комисија нема пријави за загрозување на гласачкото право или нерегуларности.
-
Македонија 13.12.2020 16:29
Нов градоначалник за подобрување на животот
Семајлија Арапоски е 70-годишен жител на Пласница. Цел живот се занимава со сточарство. Порано големите стада, сега се скромни. Посакува да има исплатливо сточаропроизводство. Дојде на гласање зашто, вели, неприкосновено е правото на избор.
-
Македонија 13.12.2020 16:18
Презентирани техники за безбедно планинарење
Планинарските тури во зимски услови не треба да се организираат по секоја цена. Пред да се тргне мора да се провери времето, но и теренот дали има нова или стара снежна покривка, односно колку е патеката безбедна во случај на лавини.
-
Македонија 13.12.2020 16:07
Туристичките центри за празниците ќе останат празни
Туристичките центри за Новогодишните празници ќе останат празни. За разлика од минатото, годинава поради пандемијата во хотелите на брегот на Охридското Езеро нема воопшто резервации од страна на странски гости, интерес нема ниту од домашните.










