Вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата, изјави министерот за здравство Филипче.
-
Македонија 13.12.2020 10:18
-
Македонија 13.12.2020 10:13
660 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (12/13.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 660 прекршоци.
-
Македонија 13.12.2020 10:09
Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за затворање на угостителските објекти за празниците
Утре Комисијата за заразни болести ќе одлучува за евентуално затворање на угостителските објекти за новогодишните и божикните празници. Доколку е неопходно, во одредени денови е можно да бидат целосно затворени, за да се спречи групирањето и ширењето на вирусот.
-
Македонија 13.12.2020 09:59
ДИК: До 9 часот излезеноста во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто
На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9 часот гласале 1.227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите во Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
-
Македонија 13.12.2020 09:47
Штип и Пласница бираат нови градоначалници
Трет ден гласање на предвремените локални избори во Штип и во Пласница. Штипјани своето право на глас можат да го дадат за еден од петтемина кандидати за градоначалник. Од Општинската изборна комисија велат дека протоколите за гласање во целост се почитуваат.
-
Македонија 13.12.2020 09:44
Над 22 илјади активни случаи со Ковид-19 во земјава
Во последните 24 часа се направени 2.805 тестирања, регистрирани се 982 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од нив се во Скопје.
-
Македонија 11.12.2020 19:21
1.161 нов случај со Ковид-19, 26 починати, оздравени 806 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Стр
-
Македонија 11.12.2020 17:04
Петмина во трка за градоначалник на Штип
Во земјава од денеска, изборен молк. Почна гласањето на предвремените локални избори во општините Штип и Пласница. Во Штип, во трка за градоначалник се петмина, во Пласница двајца.
-
Македонија 11.12.2020 16:17
Тутунарите донесоа одлука за прекин на протестите
Договор да се стопираат закажаните протести и до петок да се носи тутун. Ова е епилогот по средбата меѓу надлежните, откупувачите и тутнарите, кои сепак, предупредија дека доколу до идната недека не се најде решение за фер цени ќе има протести и блокади.
-
Македонија 11.12.2020 15:10
Почна изборниот процес во Штип, први гласаат лицата во изолација
Со примена на протоколот за заштита од Ковид- 19, почна гласањето за избор на нов градоначалник на Општина Штип. Први гласаа ковид позитивните и лицата во изолација. Два специјални избирачки одбори со лекари и медицински лица ги посетија граѓаните во нивните домови.










