Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.
-
Македонија 14.09.2020 14:10
-
Македонија 14.09.2020 13:41
Евроамбасадорот Жбогар на проштална средба кај претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 14.09.2020 12:49
За аерозагадувањето молчат и екологистите и политичарите
На еден месец пред грејната сезона квалитетот на воздухот не е на завидно ниво. Но, засега молчат и екологистите и политичарите.
-
Македонија 14.09.2020 12:42
Нема нови случаи на Ковид-19 во градинките
Нема нови случаи на коронавирус во детските градинки низ земјава. Откако вирусот беше потврден кај вработени во две градинки во Скопје и Битола тие денес функционираат непречено – велат од Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 14.09.2020 12:26
Уривањето на дивоградбите е само еден од проблемите на Охрид
Уривањето на дивоградбите е само еден од проблемите со кои се соочува Охрид во сферата на урбанизмот следејќи ги препораките на УНЕСКО.
-
Македонија 14.09.2020 12:17
Прво рочиште за тужбата на Катица Јанева против Бојан Јовановски
Во скопскиот Кривичен суд закажано првото рочиште од новиот предмет во кој Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање.
-
Македонија 14.09.2020 11:34
Општините од југозападот со барање за настава со физичко присуство
Општините од југозападниот регион во земјава бараат настава со физичко присуство. Речиси 90% од родителите во Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца се изјасниле за образование во училница, многу мал процент за онлајн учење.
-
Македонија 14.09.2020 11:09
Заев утре и задутре во работна посета на Грција
Премиерот Заев утре и задутре во работна посета на Грција. Покрај средбата со премиерот Мицотакис, Заев ќе учествува и на 24-та Тркалезна маса со грчката влада, во организација на угледниот магазин „Економист“. Ќе говори на панелот посветен на Западен Балкан.
-
Македонија 14.09.2020 10:42
Персоналниот состав на собраниските комисии на пленарна седница
Пленарна седница во Собранието. Ќе се разгледува предлог- одлуката за избор на претседатели, нивни заменици, членови и заменици членови на работните тела. Власта и опозицијата постигнаа консензус.
-
Македонија 14.09.2020 10:23
МВР: Регистрирани 525 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 525 прекршоци.










