Во периодот од 7 до 13 септември 2020 година, регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 33 града во државата, што претставува намалување од 10,8 проценти во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 15.09.2020 11:17
-
Македонија 15.09.2020 10:39
ВМРО-ДПМНЕ организира протестен собир за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.
-
Македонија 15.09.2020 10:31
Заев во дводневна работна посета на Грција
Премиерот Зоран Заев од денес ја почнува дводневната работна посета на Грција, а утре ќе учествува на панел-дискусија на конференцијата на магазинот Економист-„24-та тркалезна маса со грчката влада“.
-
Македонија 15.09.2020 10:20
Поголемо производство на добиточна храна
Македонија е една од ретките земји во регионот која има услови за производство на луцерка со 5 до 7 реколти во текот на една година.
-
Македонија 15.09.2020 10:03
МВР: Регистрирани 600 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 600 прекршоци.
-
Македонија 14.09.2020 16:38
Собранието ги формираше работните тела
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистираа прво да се донесе одлука за формирање на комисиите, во која ќе се прецизираат бројот на членовите, делокругот на надлежностите и бројот на комисиите, па потоа да се премине на избор на персоналниот состав.
-
Македонија 14.09.2020 16:37
Хронично болните, родителите на деца до 10 години, вработените со продолжено породилно отсуство од 23-ти се враќаат на работа
Во среда од 23-ти септември покрај хронично болните лица на работа се враќаат и вработените со продолжено породилно отсуство. Владата на седницата донесе одлука и родителите на деца до шест и до 10 годишна возраст да почнат со редовната работа.
-
Македонија 14.09.2020 16:11
Маричиќ најави европски мониторинг на судските процеси
Независноста и ефикасноста на судската власт се клучни за враќање на довербата на граѓаните – смета министерот за правда Бојан Маричиќ. Вели, не смее да има недопирливи, сите треба да се еднакви пред законот.
-
Македонија 14.09.2020 16:03
Нема нови заболени од Ковид-19 во градинките
Во детските градинки нема нови случаи позитивни на коронавирусот, ниту кај вработени, ниту кај деца – велат од Министерството за труд и социјална политика. Откако вирусот Ковид –19 беше потврден кај вработени во две детски установи во Скопје и Битола тие денеска функционираат непречено.
-
Македонија 14.09.2020 15:45
Одложено рочиштето за тужбата на Јанева против Јовановски
Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето од новиот предмет во кој Катица Јанева приватно го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање. Ниту тужителката, ниту пак обвинетиот не се појавија во судницата. Јовановски се наоѓа на болничко лекување.








