Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Х
-
Македонија 07.08.2020 17:23
-
Македонија 07.08.2020 16:25
Во полошко семејни веселби во домашни услови, угостителите бараат дозволи за свадби
Ресторан казнет затоа што дозволил да се организира свадбена веселба. Тој е и единствен во тетовско каде пазарната инспекција му стави клуч, затоа што не ги почитувал протоколите.
-
Македонија 07.08.2020 16:11
Ковид-19 ги спречи печалбарите да се вратат дома
Пандемијата ги спречи многумината кумановците кои работат во воените бази во Ирак и Авганистан да се вратат дома. Тие од почетокот на кризата чекаат компаниите да им дозволат да го искористат своето право на одмор.
-
Македонија 07.08.2020 14:48
„Меѓаши“: Он-лајн наставата најбезбедна во услови на Ковид-19
Најбезбеден услов за образовниот процес во услови на ковид е онлјан наставата- покажало истражувањето на детската амбасада „Меѓаши“. Над половина од анктетираните родители се изјасниле за ваков вид на образование, но слична е и бројката на оние што имаат став за комбинирана настава.
-
Македонија 07.08.2020 14:39
Мнозинството наставници и родители се за отворање на училиштата од септември
Повеќе од половина од наставниците и родителите поддржуваат редовна настава во училиштата додека останатите се за комбинирана, покажаа прелиминарните резултати од истражувањето.
-
Македонија 07.08.2020 13:42
Младите треба да ја креираат општинската политика
Младите не се информирани, ниту доволно вклучени во локалните политики, ниту се директно финансирани од локалниот буџет, констатираат од Младинскиот сојуз - Крушево. Преку проектот - Општините -пријатели на младите ги истражуваа состојбите во Прилеп, Струга, Карпош и Кратово.
-
Македонија 07.08.2020 13:35
Народен правобранител: Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење
За време на траењето на он-лајн наставата, почнувајќи од средината на март, па сè до крајот на учебната година, училиштата и наставниците не добија унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата.
-
Македонија 07.08.2020 13:24
Поплава во рудникот Суводол на РЕК-Битола
Во РЕК- Битола продолжува производството на електрична енергија и покрај прекинот на ископ и транспорт на јаглен, предизвикано поради поплавата од вчерашните обилни врнежи дожд.
-
Македонија 07.08.2020 13:12
17 пациенти заразени со Ковид-19 на Геријатрија
Бројот на заразени со коронавирус во геријатрија се искачи на 17-мина. Двајца се со потешка клиничка слика и се пренесени на Инфективната клиника, тројца се асимтоматски и се хоспитализирани во ковид- центарот во Козле. Заболените биле откриени преку скриниг.
-
Македонија 07.08.2020 12:55
ДИК: Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок
Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за 100 проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.










