Штипската Клиничка болница се опреми со најсовремена респираторна машина. Набавена е со сопствени средства, чини еден милион и 800 илјади денари.
-
Македонија 05.08.2020 16:24
-
Македонија 05.08.2020 16:20
Авто- стоп до Охрид во време на корона
Две другарки, Полјакиња и Чехиња авто- стоп пропатуваа осум балкански земји. Дваесет и тригодишните Оливија и Јана патуваат речиси еден месец. Тргнале од Австрија, потоа Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна, Србија, Македонија и Албанија.
-
Македонија 05.08.2020 16:10
Родителите сакаат првачиња во заштитени училишта
Елбан Ислмаилоски од селото Житоше дојде во Прилеп на своето прваче да му купи ранец за на училиште. Смета дека првачињата, со ригорозни протоколи, треба да седнат во училницата зашто е незаменлива.
-
Македонија 05.08.2020 15:53
Рано е да се оцени дали пресудата за Панчевски е почеток на системска борба во судството
Рано е да се оцени дали пресудата за Панчевски е почеток на вистинска системска борба со корупцијата и злоупотребите во судството.
-
Македонија 05.08.2020 14:28
Ниту една фирма не се пријавила на тендерот за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“
Ниту една фирма не се пријавила на отворениот повик за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“. Од Општина Чаир за МТВ потврдија дека уште утре ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми. Идниот четврток ќе бидат отворени евентуалните понуди од економските оператори.
-
Македонија 05.08.2020 14:18
УХМР: Нема опасност од излевање на поголемите реки, внимателност при движење покрај помалите
Нема опасност од излевање на поголемите реки, но предупредување има за внимателност при движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, велат од
Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето проследено со дожд, што ја зафати земјава, велат ќе трае до крајот на неделава.
-
Македонија 05.08.2020 14:04
Нови 88 случаи со Ковид-19, шест починати, излекувани 113 пациенти
Шест лица починаа од коронавирусот во изминатото деноноќие. Регистрирани се 88 нови случаи, од направените 1.507 тестирања, објави министерот за здравство Филипче на социјалните мрежи.
-
Македонија 05.08.2020 13:22
Три ипол години затворска казна за Владимир Панчевски
Три години и шест месеци затвор за поранашниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, изрече судијката Валентина Ѓоргиевска во Основниот суд Велес и го прогласи виновен за стореното кривично дело, злоупотреба на службена должност.
-
Македонија 05.08.2020 13:14
Течат роковите, почна „трката“ за формирање влада
Течат роковите за формирање на новата влада. И двајцата лидери на најголемите политички партии, Заев и Мицкоски најавуваат дека ќе обезбедат парламентрано мнозинство.
-
Македонија 05.08.2020 13:07
МНР: Досега нема информации за засегнати наши граѓани во експлозијата во Бејрут
Нема пристигнати информации за евентуално засегнати наши граѓани во експлозијата во Бејрут- информираат од Министерството за надворешни работи. Велат дека досега ниту еден не побарал помош преку дипломатските канали.










