Ноќеска на полноќ заврши рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Од ДИК информираат дека и покрај мерките за справување со корона вирусот, нејзините активности продолжуваат согласно одлуките на Владата.
-
Македонија 12.03.2020 10:33
-
Македонија 12.03.2020 10:06
До полноќ се поднесуваат листи за кандидати за пратеници за изборите на 12-ти април
Рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени парламентари избори за 12-ти април завршува вечерва на полноќ.
-
Македонија 12.03.2020 09:44
Партиските лидери на координација кај Спасовски
Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.
-
Македонија 12.03.2020 08:15
Владата донесе дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот
Од 12-те пациенти кои вчера беа тестирани, кај двајца од нив резултатите се позитивни на корона вирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Станува збор за две лица од Дебар, кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани.
-
Македонија 11.03.2020 16:11
Скопјани не се плашат од коронавирусот
Желбата да се ужива во мартовското сонце посилна од стравот од коронавирусот. Пролетниот амбиент намами голем број жители на македонската престолнина да излезат надвор и покрај низата мерки, забрани и препораки.
-
Македонија 11.03.2020 15:40
Промовирана коалицијата „За обнова за Македонија“
16 политички партии и тројца независни носители на листи под водство на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа предизборната коалиција под името „За обнова на Македонија“.
-
Македонија 11.03.2020 15:30
Формирана коалиција „Никогаш северна- само Македонија“
Поништување на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, како и укинување на двојазичноста во земјава се главните заложби на коалицијата „Никогаш северна- само Македонија“ за парламентарните избори.
-
Македонија 11.03.2020 15:12
Привремено се укинува бесплатното возење во ЈСП за ученици, студенти и пензионери
Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.
-
Македонија 11.03.2020 14:49
За коронавирус се тестираат 12 пациенти, мерките важат за сите
Дванаесет граѓани со симптоми на грип се тестираат на коронавирус. Резултати ќе бидат познати за неколку часа. Дел од нив се вратиле од патување во Италија, а осумина се соседи на заболените од Дебар со кои имале интензивна комуникација.
-
Македонија 11.03.2020 13:55
Партиите финишираат со кандидатските листи
Партиите финишираат со кандидатските листи за изборите на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ носителите и кандидатите за идни пратеници ќе ги промовира вечер на Конвенција. Беа утврдени на синоќешниот Централен комитет. Од партијата посочуваат дека 95 насто се нови имиња.







