Ниту Трајко Вељаноски, ниту Спиро Ристовски, ниту Миле Јанакиески не го сториле кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок за кое ги гони Обвинителството, рече во воведното обраќање нивниот адвокат Еленко Миланов. Тврди дека во текот на судскиот процес и ќе го докажел тоа.
-
Македонија 09.03.2020 15:17
-
Македонија 09.03.2020 15:12
ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Филипче и од директорката на Клиниката за кожни болести
Поради последниот позитивен случај на коронавирус, ВМРО-ДПМНЕ бара итни оставки од директорката на Клиниката за кожни болести, но и од министерот за здравство, Венко Филипче.
-
Македонија 09.03.2020 14:46
Директорката на Клиниката за кожни болести заразена со Ковид-19
Уште еден нов случај на заболен со коронавирус во земјава. Се работи за директорката на Клиниката за кожни болести којашто пред извесен период била во Италија, а потоа пет дена одела на работа.
-
Македонија 09.03.2020 13:34
Се кројат кандидатските листи
Тандем маж и жена ќе ги предводат листите на коалицијата СДСМ- Беса, како резултат на определбата 50- 50 родова застапеност. Пратеничките листи ќе бидат познати по денешниот партиски Конгрес на СДСМ.
-
Македонија 09.03.2020 13:05
Ризик од продолжување на мигрантската криза, Југоисточна Европа може да стане камп за мигрантите
Бегалската криза доживеа своевиден пораз на Турско- грчката граница. Кристоф Бендер, заменик- претседател на Европската иницијатива за стабилност, вели дека ЕУ не успеа доволно да се ангажира во целиот мигрантски процес. Од таму, вели, е разбирлива фрустрираноста на Турција.
-
Македонија 09.03.2020 12:59
Димитров- Аселборн: Клучен период за одлука и јасна перспектива
Се наоѓате во Европа и со тоа е решен проблемот- заслужувате членство во Унијата. Ова е една од пораките што ја испрати од Скопје, шефот на дипломатијата на Луксембург, Жан Аселборн. По средбата со македонскиот колега, рече дека има позитивно чуство за одлука за почеток на преговорите.
-
Македонија 09.03.2020 12:01
Четврти случај на Ковид-19 во земјава, заболена директорката на Клиниката за кожни болесни
Нов случај на Ковид- 19 во земјава. Заразена е директорката на Клиниката за кожни болести. Пред една недела се вратила од Италија и изминатите пет дена редовоно одела на работа. Министерот Филипче разочаран поради непочитувањето на препораките за самоизолација.
-
Македонија 09.03.2020 10:04
Сериозна состојбата со коронавирусот, да не се патува во Италија
Поради сериозноста на состојбата со Ковид-19, од МНР препорачуваат граѓаните да не патуваат во Северна Италија и да избегуваат непотребни патувања во другите делови на земјата. За оние кои, пак, се веќе таму, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост.
-
Македонија 09.03.2020 09:48
Продолжува судењето за организаторите на „27-ми април“
Во Кривичниот суд продолжува рочиштето за собраниските настани од 27-ми април. На предлог на обвинителката Рускоска, треба да сведочат премиерот Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите. Како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски- Нинџа, кој е осуден на осум години затвор.
-
Македонија 09.03.2020 09:36
Шефот на дипломатијата на Луксембург во посета на Скопје
Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров.





