Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.
-
Македонија 11.03.2020 15:12
-
Македонија 11.03.2020 14:49
За коронавирус се тестираат 12 пациенти, мерките важат за сите
Дванаесет граѓани со симптоми на грип се тестираат на коронавирус. Резултати ќе бидат познати за неколку часа. Дел од нив се вратиле од патување во Италија, а осумина се соседи на заболените од Дебар со кои имале интензивна комуникација.
-
Македонија 11.03.2020 13:55
Партиите финишираат со кандидатските листи
Партиите финишираат со кандидатските листи за изборите на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ носителите и кандидатите за идни пратеници ќе ги промовира вечер на Конвенција. Беа утврдени на синоќешниот Централен комитет. Од партијата посочуваат дека 95 насто се нови имиња.
-
Македонија 11.03.2020 13:50
Чулев: Припадниците на МВР патролно ги контролираат лицата во изолација поради коронавирусот
Граничната полиција продолжува да контролира пристигнување на патници од земји со заболени од коронавирус на 5-те гранични премини и двата аеродрома. Се делат флаери и се водат информативни разговори со патниците, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
-
Македонија 11.03.2020 13:03
Филипче: Се тестираат 12 нови пациенти за Ковид-19, состојбата на хоспитализираните е добра
Нема новозаразени со Ковид-19. Седумте пациенти со коронавирус, хоспитализирани на Инфективната клиника се во добра здравствена состојба и имаат лесна клиничка слика. Следниве денови ќе биде пуштена дома пациентката што кај нас се води како прв случај на Ковид-19.
-
Македонија 11.03.2020 12:35
ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се донесат дополнителни мерки за заштита
Потребни се итни интервенции на клиниките и план за регрутирање на медицинскиот кадар со цел соодветен одговор на ситуацијата со коронавирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Предлагаат сет- дополнителни мерки.
-
Македонија 11.03.2020 11:37
Автобусите на ЈСП од утре сообраќаат по редуциран возен ред
Од утре па во следниве две недели, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, како за време на зимски или летен распуст.
-
Македонија 11.03.2020 11:08
Течат роковите за изборите на 12-ти април
Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани на 12-ти април, предвидени од Државната изборна комисија. Македонските државјани кои живеат и работат во странство имаат можност до вечер на полноќ да се пријават за гласање.
-
Македонија 11.03.2020 10:35
Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
Сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на корона вирусот.
-
Македонија 11.03.2020 10:18
На Попова Шапка 20 сантиметри снег, во Маврово седум
На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.







