Освен тоа што е извор на криминал, власта е главна пречка за правдата. Се блокираат истрагите за десетици афери, за да не се дознае улогата на првите луѓе на владата. Јасно e зошто Заев го загуби интересот за носење закон за независно јавно обвинителство, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
-
Македонија 18.12.2019 15:53
-
Македонија 18.12.2019 15:42
За мнозинството говорот на Пендаровски е обединувачки, за опозицијата ги продлабочува разликите
За парламентарното мнозинство говорот на претседателот Пендаровски е обединувачки и насочен кон процесот на помирување, додека за опозицијата шефот на државата наместо да гради мостови, ги продлабочува разликите.
-
Македонија 18.12.2019 15:26
Откажана седницата за Изборниот законик
Откажана е денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.
-
Македонија 18.12.2019 14:41
Годишно обраќање на претседателот Пендаровски
Граѓаните ќе проценат колку во првите седум месеци од мојот мандат, успеав да останам неутрален во однос на различните центри на политичка и економска моќ, меѓутоа, мојата главна политичка цел беше и останува, да бидам независен, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх-
-
Македонија 18.12.2019 14:29
Нема да се набавува пластика за еднократна упореба
Државните институции од идната година нема да набавуваат пластика за еднократна употреба. Пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да има пластични чаши, сламки, лажички.
-
Македонија 18.12.2019 13:46
Сугаревски:Новиот закон не важи за доградби на згради
Дивоградбите изградени до први октомври годинава ќе се легализираат со целосната сума за комуналии плус 50 проценти од неа како казна. Новиот Закон за бесправно изградени објекти нема да важи за доградби на станбени згради.
-
Македонија 18.12.2019 12:58
Пендаровски: За само две и пол години успеавме да ја вратиме државата во нормала
Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во собранието. Пред пратениците потенцираше - за само две и пол години успеавме да ја вратиме државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членството во НАТО и на отворањето на преговори.
-
Македонија 18.12.2019 12:29
Пред изборите, Собранието да ја продолжи вонредната состојба на границите
Илегалните мигранти ќе бидат искушение и во наредниот период, оценуваат од МВР. Според експертите, пред изборите институциите во државава треба да ја продолжат вонредната состојба за да Армијата остане да помага за обезбедување на границите кај Гевгелија и Табановце.
-
Македонија 18.12.2019 12:17
Османи во Брисел на средба со со новиот еврокомесар за проширување Вархеjи
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.
-
Македонија 18.12.2019 10:52
Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје, пронајдена направа што наликува на бомба
Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.



