Укината е мерката притвор за Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска. Четворицата одат во домашен притвор, соопшти скопска Апелација.
-
Македонија 28.12.2018 12:16
-
Македонија 28.12.2018 11:20
74 години од основањето на јавниот сервис
28-ми декември 1944-та година е основано Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на функционирањето на Македонската радио- телевизија.
Пред 54 години Телевизија Скопје во зградата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски Дневник.
-
Македонија 28.12.2018 10:51
Годишно обраќање на Иванов во Собранието
Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание.
Традиционално, секоја година претседателот на државата има годишно обраќање пред пратениците.
Годишното обраќање на Иванов е во рамки на 73. собраниска седница.
-
Македонија 28.12.2018 10:43
Амнестирани 12 лица за „27-ми април“, меѓу нив и петтемина пратеници
Досега 12 лица обвинети за собраниските настани на 27-ми април се амнестирани. Меѓу нив се и петте пратеници.
-
Македонија 27.12.2018 15:34
Град Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2018-та
Најдобриот пожарникар за годинава е Елвис Далипи. Во изминатите десет години има интервенирано при над 50 огнени стихии. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај е избран за најдобар полицаец. За него, признанието е за целата единица која работела како тим.
-
Македонија 27.12.2018 15:19
Современ бизнис- акцелератор на Факултетот за информатички технологии во Битола
Битола, преку Факултетот за информатички и комуникациски технологии во иницијатива, полека но сигурно да прерасне во „Силиконска долина“, односно место каде сѐ повеќе ќе се концентрираат информатички компании.
-
Македонија 27.12.2018 15:02
Шврговски: Очекуваме Мијалков да биде ослободен од притвор
Откако Специјалното јавно обвинителство побарало за дел од осомничените во случајот „Империја“ притворот да биде заменет со поблага мерка- домашен притвор, се огласи и адвокатот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така е опфатен во овој предмет.
-
Македонија 27.12.2018 14:56
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Стабилното и суво време ќе продолжи да преовладува на нашето подрачје до недела.
-
Македонија 27.12.2018 14:54
АМС со две нови кампањи ќе ја подига свеста кај младите
Со кампањите насловени како „Насилството раѓа насилство“ и „Не пиј додека возиш“ Агенцијата за млади и спорт ќе ја подига свеста кај младите дека алкохолот и непочитувањето на сообраќајните прописи ја загрозува безбедноста, а говорот на омраза може да предизвика психички последици.
-
Македонија 27.12.2018 14:43
Заев: Ќе побарам од Дескоска во Судскиот совет да го расчисти тврдењето на амбасадорот Бејли
Скандал е, смета опозицијата, писмото упатено од американскиот амбасадор Бејли во кое тој ги повикува судиите да не се повикуваат на него при носење на судските одлуки.








