• Македонија 31.05.2018 14:25

    Заев: Блиску сме до решение

    Зошто е отфрлен предлогот „Република Илинденска Македонија“ и дали е прифатено ерга омнес за друг предлог, го Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Заев. Дали има гаранции дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

  • Македонија 31.05.2018 14:21

    Многу ученици во земјава се соочуваат со дислексија

    Тешкотии при читање и пишување- многу ученици во земјава го имаат овој проблем. Соња е родител на дете со дислексија. Состојбата на нејзината ќерка ја препознале кога таа почнала да оди на училиште.

  • Македонија 31.05.2018 13:59

    Метео: Сончево, максимална температура до 34 степени

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево и уште потопло време со максимална температура до 34 степени.

    Во Скопје се очекува дневната температура да достигне до 32 степена. Вредноста на УВ индексот ќе се зголеми на коефициент 8.

  • Македонија 31.05.2018 13:16

    Ципрас: Ставовите се јасни- сложено име за севкупна употреба и ревизија на Уставот

    За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот, и натаму останува ставот на грчката Влада и премиерот Ципрас.

  • Македонија 31.05.2018 13:03

    НАТО ќе гарантира раст на економијата

    Членството во НАТО ќе гарантира раст на економијата и привлекување на повеќе странски инвестиции, смета професорот Никола Дујовски кој очекува нашата земја на 12-ти јули да добие покана од Алијансата.

  • Македонија 31.05.2018 12:57

    Заев: Не смееме да бидеме песимисти за датум за преговори

    Дали имаме гаранција за датум за преговори- јас верувам дека со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а шансите се помали доколку проблемот со името не е решен- одговори премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата.

  • Македонија 31.05.2018 12:18

    Денеска средба Иванов- Димитров

    Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој што треба да го брифира шефот на државата за тековните разговори за името.

    Претседателот Иванов вчера соопшти дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба.

  • Македонија 31.05.2018 11:26

    Граничните премини кон Грција се отворени

    Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење. Трите гранични премини кон Грција, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.

  • Македонија 31.05.2018 11:21

    Двојно намалени водостоите на дел од реките

    Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат речиси двојно намалени водостои во однос на просекот за мај на Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци, а намалување има и на Брегалница кај Берово и на Вардар кај Демир Капија.

  • Македонија 31.05.2018 10:31

    Седница за пратенички прашања

    Денеска во законодавниот дом ќе се одржи седницата посветена на пратеничките прашања. Пратениците ќе имаат можност да поставуваат прашања на кои одговор добиваат од премиерот Заев и од министрите во Владата.

Pages