За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степена.
-
Македонија 01.06.2018 13:39
-
Македонија 01.06.2018 13:38
Продажба и дополна на „Скопска“ на нови 45 места
ЈСП Скопје оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на ЈСП Скопје, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети, трафики и слично) на најфрекфентните места низ градот/општините.
-
Македонија 01.06.2018 13:30
Нова сензорна соба за подобра дијагностика на децата со аутизам
Сензорна соба за децата со аутизам, за подобра дијагностика. Тука децата ќе бидат дополнително анализирани. Ќе се испитува сензитивноста и психомоторниот развој на децата, а ќе се работи и на социјализација. Сензорната соба е наменета за деца со тешки развојни нарушувања и аутизам.
-
Македонија 01.06.2018 12:40
Кампања „На секое дете му треба семејство“
Почна кампањата „На секое дете му треба семејство“. Тоа треба да расте во семејство, опкружено со љубов, вели министерката за труд и социјала Царовска. Ги повика граѓаните да придонесат во системот на социјалната заштита, да се регистрираат како згрижувачи, да поминат обука за да чуваат дете.
-
Македонија 01.06.2018 12:33
Заев: За крупните реформи треба време
На годишнината од изборот на новата Влада, во Собранието седницата за реконструкција на тимот на премиерот Заев. Нови коалициски партнери се ДПА на Мендух Тачи и скопското крило на БЕСА на Африм Гаши.
-
Македонија 01.06.2018 10:32
Одложено рочиштето за случајот „Насилство во Центар“
Повторно одложено рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“. На судењето не се појави еден од обвинетите бидејќи бил на службено патување.
-
Македонија 01.06.2018 10:27
Пописот ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април 2020-та
Пописот ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април 2020-та година. На терен ќе бидат ангажирани околу 5 илјади попишувачи. Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју за МИА.
-
Македонија 01.06.2018 08:47
Собранието ќе избира нови министри, ќе распише и оглас за членови на ДИК
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 49-тата седница на која на дневен ред се избор на нови министри во Владата, заменици министри, а како трета точка на дневниот ред е предлог-одлуката за распишување оглас за членови на Државната изборна комисија.
-
Македонија 31.05.2018 15:56
Меморијален комплекс на Француските воени гробишта во Битола
Со отварањето на овој нов меморијал го збогатуваме материјалното и духовното наследство за Првата Светска војна. Симбол на заеднички страдања, но и на зближување, пријателство и соработка помеѓу двете држави.
-
Македонија 31.05.2018 15:24
Иванов не прифаќа ерга омнес и промена на Устав
Целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери- рекол претседателот Ѓорге Иванов на средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој во резиденцијата Водно го информирал шефот на државата за досегашниот тек на разговорите за името со Грција.










