Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
-
Македонија 04.06.2018 08:35
-
Македонија 04.06.2018 08:32
Слаб земјотрес почувствуван синоќа во Скопје
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје на длабочина од еден километар.
-
Македонија 04.06.2018 08:23
Продолжува судењето за случајот „Тарифа“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.
-
Македонија 04.06.2018 08:22
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.
-
Македонија 01.06.2018 15:48
Претседателот Иванов бара национален консензус за името
Претседателот Иванов го побара од премиерот нацрт договорот со соседна Грција околу името, предлогот за водење на преговорите со уставна основа, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.
-
Македонија 01.06.2018 15:44
Јанушев: Се распродаваат националните интереси
Владата ветуваше живот за сите граѓани, но тие едвај преживуваат, велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националите интереси, изјави генералниот секретар на партијата Јанушев.
-
Македонија 01.06.2018 14:49
Иванов побара од Заев да му ја достави документацијата за преговорите
Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување поширок консензус за прашањето за името, претседателот Иванов од премиерот Заев бара да му го достави предлогот за водење на преговорите со уставна основа, нацрт-договорот и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.
-
Македонија 01.06.2018 14:43
Почна кампањата „На секое дете му треба семејство“
Секое дете треба да расте во семејство или најблиску налик до него, опкружен со топлина и љубов. Децата го заслужуваат тоа.
-
Македонија 01.06.2018 14:26
Прва реконструкција на тимот на премиерот Заев
Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат обврските, согласно законот и владините определби за остварување на стратегиските интереси на Република Македонија, во интерес на граѓаните, вака премиерот Заев објасни зошто менува дел од ти
-
Македонија 01.06.2018 13:39
Метео: Променливо време за викендот, температурата до 32 степени
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степена.










